← Ezekiel (28/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, кажи му на началникот на Тир - вака вели Господ Бог: затоа што го издигна срцето свое и велиш: ‘Јас сум бог, седам на божји стол, во срцето на морињата‘, и бидејки човек си, а не бог, го заменуваш твојот ум со умот на Бога, |
3. | ете, како да си помудар од Даниила; и нема тајна, сокриена од тебе; |
4. | со мудроста своја и со разумот свој ти се здоби со богатство и во своите ризници собра злато и сребро; |
5. | со големата мудрост своја преку трговијата своја ти го зголеми богатството свое, |
6. | затоа, вака вели Господ Бог: - Бидејки го изедначуваш твојот ум со умот на Бога, |
7. | еве, Јас ке доведам против тебе другоземци, највешти ме у народите, и тие ке ги извадат своите мечеви против убавината на твојата мудрост и ке го помрачат твојот блесок; |
8. | тие ке те турнат во гроб и ке умреш во срцето на морињата, со смрт на убиени. |
9. | Kе речеш ли тогаш пред твојот убиец: ‘јас сум бог‘, кога во раката на оној, што ке те убива, ти ке бидеш човек, а не бог? |
10. | Ти ке умреш од раката на другоземци со смрт како необрезан; оти Јас го реков тоа", така вели Господ. |
11. | И би слово Господово до мене: |
12. | "Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: - вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. |
13. | ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит, оникс, јаспис, сапфир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден. |
14. | Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени камења. |
15. | Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие. |
16. | Од твојата проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења. |
17. | Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас ке те соборам на земја, ке те предадам на потсмев пред царевите. |
18. | Со многуте гревови свои во неправедната твоја трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и Јас ке пуштам оган пред тебе, што ке те проголта; и Јас ке те претворам во пепел на земјата пред очите на сите, што ке те видат. |
19. | Сите, што те знаеја ме у народите, ке се зачудат за тебе, ти ке станеш за ужас и нема да те има повеке." |
20. | И би слово Господово до мене: |
21. | "Сине човечки, сврти го лицето свое кон Сидон, и пророкувај против него: |
22. | Ете Јас сум против тебе, Сидоне, и ке се прославам во тебе и ке познаат дека сум Јас Господ, кога ке одржам суд над него и ја покажам во него Мојата светост. |
23. | И ке пратам во него помор и крв на улиците негови и ке паднат среде него убиени од меч, кој ке ги нападне сите одреда и ке познаат, дека Јас сум Господ. |
24. | И во иднина тој нема да биде бодлив трн за домот Израилев и причинител на болка трнлива, повеке од сите соседи што му сакаат зло и ке познаат, дека Јас сум Господ Бог." |
25. | Така вели Господ Бог: кога ке го соберам домот Израилев ме у народите, кај кој се распрснал и ке ја објавам кај нив светоста Своја пред очите на племињата и тие заживеат во земајта своја, која му ја дадов на Мојот слуга Јакова, |
26. | тогаш ке живеат во неа безопасно и ке си изградат куки, ке насадат лозја и ке живеат во безопасност, зашто ке извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ке разберат дека Јас сум Господ Бог нивни. |
← Ezekiel (28/48) → |