← Ezekiel (27/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "А ти, сине човечки, викни, па заплачи по Тир. |
3. | И кажи му на Тир, кој се населил при влезот на морето, и тргува со народите од многу острови - вака вели Господ Бог: Тире, ти велиш: "јас сум совршена убавина.‘" |
4. | Твоите предели се во срцето на морињата; твоите градители совршено ја изградиле твојата складност; |
5. | од сенирски кипариси ги направија сите твои подови; зедоа од Ливан кедри, за да ти направат јарболи; |
6. | од васански дабови правеа весла; столовите ги правеа до буково дрво, ишарано со слонова коска од Китимските острови, |
7. | шарени платна египетски употребуваа за едра и служеа како знаме; сини и пурпурни ткаенини се земаа од Елинските острови за покривала. |
8. | Жителите сидонски и арвадски ти беа стругари; Тире, ти имаше вешти лу е; тие ти беа кормилари. |
9. | Старешините од Гевал и неговите вешти лу е ти служеа за разни поправки; ти имаше секакви морски кораби и едрењаци, кои ги служеа за тргување. |
10. | Персијците, Ливијците и Лидијците се нао аа во твојата војска и ти беа војници; закачуваа по тебе штитови и шлемови; тие ти придаваа величие. |
11. | Синовите Арватски со твојата сопствена војска стоеја наоколу по твоите sидови; и Гамадимците стоеја на кулите твои; тие беа ги закачиле своите штитови по твоите sидови наоколу; и тие ти ја претставуваа твојата убавина. |
12. | Тарсис, твојот трговец, располагајки со различно богатство, за стоките твои пла аше сребро, железо, олово и калај. |
13. | Јаван, Тувал и Месех тргуваа со тебе, разменувајки ги стоките за човечки души со бакарни садови. |
14. | Од домот на Тогарма ти донесуваа за стоките твои коњи, коњаници и маски. |
15. | Синовите на Дедан тргуваа со тебе; многу острови вршеа со тебе размена, ти плакаа со слонова коска и абанос. |
16. | Поради големото твое трговско богатство, тргуваа со тебе и Арамејците; за стоките твои ти плакаа со смарагд, пурпурно шарени ткаенини и висон, со корали и рубини. |
17. | Јудеја и земјата Израилева тргуваа исто така со тебе; за твојата стока ти плакаа со пченица, мириси и мед, елеј и балсам. |
18. | Дамаск поради богатството во стоки, поради изобилието на секакви работи, ти донесуваше хелвонско вино и бела волна. |
19. | Дан и Јаван од Узал ти плакаа за твоите стоки со изработки од железо, касија и цимет, за размена. |
20. | Со тебе тргуваше и Дедан со скапоцени волнени покривки за седла. |
21. | Арабија и сите кидарски кнезови вршеа размена со тебе: на јагниња, овни и кози. |
22. | Трговците од Сава и Рама тргуваа со тебе со секакви најблагопријатни мириси и со секакви скапоцени камења, и злато ти плакаа за твоите стоки. |
23. | Харан, Кан и Еден, савските трговци, Асун и Хилмат исто така тргуваа со тебе. |
24. | Тие ти продаваа скапоцени облеки од свилени и шарени материи што ги носеа на пазарите твои во скапи сандаци, направени од кедар и добро врзани. |
25. | Тарсиските кораби беа твои каравани во трговијата, и ти стана богат и многу славен ме у морињата. |
26. | Весларите твои те одведоа во големите води; источниот ветар те разби среде морињата. |
27. | Твоето богатство и твоите стоки, сите твои ризници, твоите бродари и твоите кормилари, кои ги поправаа твоите кораби, и ја пренесуваа твојата трговија, сите твои војници, какви што ги имаше и сето множество народ твој, при твоето па ање ке паднат во срцето на морето. |
28. | Од пискотот на твоите кормилари ке затреперат и околните места. |
29. | И ете од корабите ке излезат сите веслари, бродари, сите кормилари морски и ке излезат на земјата. |
30. | Со висок глас ке заплачат за тебе и тешко ке заофкаат, ставајки си пепел на главите свои и валкајки се во прав. |
31. | Kе ја истрижат за тебе косата своја до черепот, а ке опашаат врекишта и со горчлив плач ке заплачат за тебе од душевна мака. |
32. | И во тагата своја ке предизвикаат кај тебе жална песна, и така тие ке заплачат за тебе: "Кој е како Тир, така разрушен среде морињата!" |
33. | Кога доа аа од морињата твоите стоки, ти задоволуваше многу народи; со големото богатство и со трговијата ти ги богатеше царевите на земјата. |
34. | А кога беше ти разбиен од морињата во водената бездна, твоите стоки и сиот твој народ потона. |
35. | Сите жители на островите се запрепастија за тебе и царевите нивни почнаа да треперат, лицата им се изменија. |
36. | Трговците на другите народи си потсвиркуваа за тебе; ти стана како страшило и нема веке да те има засекогаш. |
← Ezekiel (27/48) → |