← Ezekiel (24/48) → |
1. | И слово Господово до мене во деветтата година, десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот: |
2. | "Сине човечки, запиши го името на овој ден, на овој ист ден: во тој ист ден вавилонскиот цар ке настапи против Ерусалим. |
3. | Изречи пророштво против отстапничкиот дом и кажи им - вака вели Господ Бог: "Стави котел, стави и наполни го со вода; |
4. | стави во него парчиња месо, сите парчиња да бидат најдобри, колкови и плешки и напони го со одбрани коски; |
5. | земи одбрани овци и стави под нив коски и вари ги додека и коските не се разварат во него." |
6. | Затоа вака вели Господ Бог: "Тешко му на крвничкиот град, тешко на котелот во кој има бигор и од кој бигорот не се вади; парче по парче исфрлајте од него; но жреб не фрлајте за него. |
7. | Зашто крвта негова е во него; тој ја остави на гол камен; не ја проли врз земјата, каде што би можело да се покрие со прав. |
8. | За да предизвикам гнев за извршување на одмаздата, Јас ја оставив крвта на гол камен, за да не се покрие." |
9. | Затоа, така вели Господ Бог: "Тешко му на крвавиот град", и Јас ке ставам голем оган; |
10. | притури дрва, распали го огнот, развари го месото; сето тоа нека се згусти, а коските да се изгорат. |
11. | И кога котелот ке остане празен, стави го врз јаглен за да се вжешти и усвити неговиот бакар, па нечистотијата негова да се стопи во него, и сиот бигор да исчезне. |
12. | Трудот ке биде тежок; но многуте бигори нема да се извадат од него; дури и во огнот од бигорот ке остане во него. |
13. | Во твојата нечистотија има таква гадотија, што колку и да те чистам, ти се уште ке останемш нечист; од твојата нечистотија ти и во иднина нема да се очистиш, се додека не се исполни гневот Мој врз тебе. |
14. | Јас, Господ, Јас го зборувам ова: тоа ке дојде, Јас ке извршам; нема да одменам, нема да поштедам и нема да се смилувам. Според твоите патишта и според твоите дела ке ти судам", вели Господ Бог. |
15. | И би слово Господово до мене: |
16. | "Сине човечки, еве, Јас преку поразот ке ти ја земам утехата на твоите очи; но ти да не тажиш и не плачи и слози не пролевај. |
17. | Воздивнувај тивко, не оплакувај го умрениот; врзи си шамија и обувај ги нозете свои со твоите обувки, брадата не покривај ја и леб од ту и лу е не јади." |
18. | И, откако утрината му зборував на народот, вечерта умре жената моја и на вториот ден направив, така како што ми беше заповедано. |
19. | И ми рече народот: "Нема ли да ни кажеш какво значење има за нас што го правиш тоа?" |
20. | Им одговорив: кон мене би слово Господово: |
21. | "Кажи му на домот Израилев - така вели Господ Бог - еве, Јас ке го препуштам светилиштето Свое на поруга, потпора на силата ваша, утеха на очите ваши и радост на душите ваши, а вашите синови и вашите керки, што ги оставивте, ке паднат од меч. |
22. | И вие ке го правите истото што го правев и Јас; брадата нема да ја сокривате и леб од ту инци нема да јадете. |
23. | И шамиите ваши ке бидат на главите ваши, и обувките ваши на нозете ваши; нема да тажите и да плачете, туку ке чезнеете поради вашите гревови и ке воздивнувате еден пред друг. |
24. | А Језекиил ке ви биде знак за сето тоа што он го направи, и вие ке го правите тоа; и кога ке се збидне тоа, ке познаете, дека Јас сум Господ Бог. |
25. | А што се однесува до тебе, сине човечки, во оној ден, кога ке го земам од нив украсот на славата нивна, утехата на очите нивни, и радоста на душите нивни, синовите нивни и керките нивни, |
26. | во тој ден ке дојде при тебе оној што се спасил оттаму за да те извести. |
27. | Во тој ден пред спасениот ке ти се отвори устата твоја и ти ке зборуваш и нема веке да бидеш безгласен, а ке станеш знак за нив и ке познаат, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (24/48) → |