← Ezekiel (22/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "А ти, сине човечки, сакаш ли да судиш, да го судиш крвавиот град? Искажи му ги сите негови гадотии. |
3. | И кажи - вака вели Господ Бог: - О, граде, кој проливаш крв среде себе, за да дојде времето твое, и кој си правиш идоли, за да се осквернуваш, |
4. | со крвта, што си ја пролеал, се обвинуваш, и со идолите, што си ги направил, се осквернуваш себеси, се приближија деновите твои и достигна времето твое. Затоа ке те предадам за потсмев на народите, за поруга на сите земји. |
5. | Твоите блиски и твоите даелчни ке ти се смеат, зашто го оскверни името свое и се прочу со беззаконијата свои. |
6. | Ете, началниците Израилеви, секој според силите свои, што беа кај тебе, решија крв да пролеваат. |
7. | При тебе татко и мајка хулат, придојден навредуваат среде тебе, и сирак и вдовица измачуваат во тебе, |
8. | светињите Мои не го почитуваш и саботите Мои ги нарушуваш. |
9. | При тебе има клеветници, крв што пролеваат и по планините јадат идолски жртви, среде тебе вршат гадотии. |
10. | Кај тебе ја откриваат голотијата на татка си, изнасилуваат жени во времето, кога тие се чистат од нечистотиите свои. |
11. | Еден врши осквернување со жената на блискиот свој, друг ја осквернува снаата своја, трет ја напа а сестрата своја, керката на таткото свој. |
12. | Кај тебе се зема поткуп, за да се пролива крв; ти земаш лихва и дарови и со сила изнудуваш добра од ближниот свој, а Мене Ме заборави, вели Господ Бог. |
13. | И ете, Јас плеснав со рацете за твоето користољубие, што се разоткрива кај тебе, и за крвнината, кој се извршува кај тебе. |
14. | Kе устои ли твоето срце, ке бидат ли цврсти рацете твои во деновите, кога ке дејствувам против тебе? Јас, Господ, велам - и ке извршам. |
15. | Kе те распрснам ме у народите, ке те развеам по земјите и ке ставам крај на твоите гадотии кај тебе. |
16. | И сам ке си направиш за да бидеш презрен пред очите на народите, па ке познаеш, дека Јас сум Господ." |
17. | И би слово Господово до мене: |
18. | "Сине човечки, домот Израилев стана во мене згура: тие сите се калај, бакар, железо и олово во печка; станаа како сребрена згура. |
19. | Затоа, така вели Господ Бог: "Бидејки сите вие станавте згура, затоа, еве, Јас ке ве соберам во Ерусалим. |
20. | Како што во печка ги ставаат заедно среброто, бакарот, железото, оловото и калајот, за да раздувуваат врз нив оган и да ги растопат, така во гневот Свој и во јароста Своја ке ве кутнам, ке ве ставам и ке ве растопам. |
21. | Kе ве соберам и ке дувнам врз вас оган од Моето негодување и ке се растопите во него; |
22. | како среброто што се топи во печката, така ке се растопите и вие и ке познаете, дека Јас сум Господ, Кој ја излева јароста Своја врз вас." |
23. | И би слово Господово до мене: |
24. | Сине човечки, кажи му: "Ти си земја неисчистена, не поливана со дожд во гневен ден." |
25. | Прорците нејзини се согласија како лав што рика, кој го раскинува пленот; тие јадат души, одземаат имоти и драгоцености и со тоа го умножуваат бројот на вдовиците. |
26. | Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика ме у чисто и нечисто; од саботите Мои ги покриваат очите свои, и Јас сум понизен ме у нив. |
27. | Кнезовите нејзини се како волци, кои грабаат плен, проливаат крв, погубуваат души, за да продобијат корист. |
28. | А пророците нејзини се замачкуваат со кал, гледаат суета и им претскажуваат лага, велејки: "така вели Господ Бог", иако Господ не рекол така. |
29. | А ме у народот се угнетуваат еден со друг, грабаат и присилуваат беден и сиромав, и неправедно угнетуваат придојден. |
30. | Јас барав кај нив човек, врз кого ке ставам темел, за да застане пред Мене во падот поради оваа земја да не ја загубам, но не најдов. |
31. | Па затоа, ке го излеам врз нив Моето негодување, со огнот на Мојата јарост ке ги истребам, нивното лошо однесување ке го свртам на главите нивни, вели Господ Бог. |
← Ezekiel (22/48) → |