← Ezekiel (20/48) → |
1. | Во седмата година, петтиот месец, десеттиот ден од месецот, дојдоа некои Израилеви старешини да Го прашаат Господа и седнаа пред мене. |
2. | И би слово Господово до мене: |
3. | "Сине човечки, зборувај со старешините Израилеви и кажи им - вака вели Господ Бог: сте дошле да Ме прашате? Жив да сум Јас - нема да ви дадам одговор, вели Господ Бог." |
4. | Сакаш ли да се судиш со нив, сакаш ли да се судиш, сине човечки? Кажи им ги гадотиите на нивните татковци; |
5. | и кажи им - вака вели Господ Бог: "во оној ден кога го избрав Израилот и кога ја подигнав раката Своја, се заколнав во племето на домот од Јакова, и им се открив во земјата Египетска, и кога ја подигнав раката им реков: ‘Јас сум Господ, вашиот Бог‘. |
6. | Во оној ден, кога ја подигнав раката Своја, Јас им се заколнав дека ке ги изведам од земјата Египетска во земја, која Јас ја избрав за нив, и во која тече мед и млеко, украс на сите земји." |
7. | И кажи им: "Отфрлете ги сите гадотии од вашите очи и не се осквернувајте со египетските идоли - Јас сум Господ, вашиот Бог. |
8. | Но тие се возмутија против Мене и не сакаа да Ме слушаат; никој не се откажа од гадотиите на очите свои и не ги остави египетските идоли. А Јас реков: "ке го излијам врз нив гневот Свој, ке ја исцрпам врз нив јароста Своја среде Египетската земја. |
9. | Но Јас постапив така заради името Мое, па тоа да не се хули пред народите, ме у кои тие се нао аат и пред чии очи Јас им се открив, за да ги изведам од Египетската земја. |
10. | И Јас ги изведов од земјата Египетска и ги доведов во пустињата, |
11. | им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои човекот, откако ке ги изврши, ке биде жив; |
12. | им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак ме у Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува. |
13. | Но домот Израилев се побуни против Мене во пустињата: не постапија според Моите заповеди и ги отфрлија Моите наредби, преку кои човекот, ако ги исполнува, би можел да биде жив, и Моите саботи ги нарушија - и Јас реков - ке ја излијам врз нив Својата јарост во пустињата, за да ги истребам. |
14. | Но Јас постапив заради Моето име, та да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов. |
15. | Дури и кога ја подигнав раката против нив во пустињата, се заколнав, дека нема да ги воведам во земјата, која бев им ја определил - во која тече мед и млеко, украс на сите земји, |
16. | заради тоа што ги отфрлија Моите наредби, не постапија по Моите заповеди и ги нарушуваа Моите саботи; оти нивното срце чезнееше повеке кон идолите нивни. |
17. | Но Моето око се смили и не ги погуби; и Јас не ги истребив во пустиња. |
18. | Им зборував на синовите нивни во пустњата: "Не одете по правилата на татковците ваши, не пазете ги уредбите нивни и не осквернувајте се со идолите нивни. |
19. | Јас сум Господ, вашиот Бог: постапувајте според Моите заповеди, пазете ги уредбите Мои и исполнувајте ги. |
20. | Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак ме у Мене и вас, па да знаете, дека Јас сум Господ, вашиот Бог." |
21. | Но и синовите се побунија против Мене - не постапуваат по Моите заповеди и уредбите Мои не ги пазат, не го исполнуваат она преку кое човекот, откако ке го исполнува, ке биде жив; ги нарушуваат Моите саботи - и Јас реков: ке го излијам врз нив Својот гнев, ке ја исцрпам над нив Мојата јарост во пустињата; |
22. | но јас ја отклонив раката Своја и заради името Мое постапив инаку, за да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов. |
23. | Исто така, кога ја подигнав раката Своја во пустињата, се заколнав дека ке ги расфрлам ме у народите и развеам по земјите, |
24. | бидејки тие Моите наредби не ги извршуваа, заповедите Мои ги отфрлија и ги нарушуваа Моите саботи, а очите нивни се свртуваа кон идолите на нивните татковци. |
25. | Им дозволив закони и наредби што не се добри, од кои тие не можеа да бидат живи, |
26. | им допуштив и да се осквернуваат со своите жртвени приноси, кога почнаа да префрлуваат преку оган секој прв плод од утробата, за да ги разорам, па да знаат, дека Јас сум Господ. |
27. | Затоа зборувај му на домот Израилев, сине човечки, и кажи му - вака вели Господ Бог: "еве со што уште Ме хулеа вашите татковци, кога вероломно постапуваа против Мене: |
28. | Јас ги одведов во земјата, која со клетва им ја ветив дека ке им ја дадам, откако ја подигнав раката Своја, а тие, штом здогледаа по некој висок рид и некое разгрането дрво, почнаа таму да ги колат своите жртви и ги ставаа таму своите приноси за мене со навреда и своите благопријатни кадива, извршувајки ги таму и своите преливи. |
29. | А Јас им реков - каква е таа височинка, каде што одите? Затоа таа и до ден денс се вика Бама." |
30. | Ете затоа, кажи му на домот Израилев - вака вели Господ Бог: "Зар не се осквернувате по примерот на вашите татковци и зар не блудстувате со нивните гадотии? |
31. | Принесувајки ги даровите свои и префрлувајки ги синовите свои преку оган, вие се осквернувате со сите ваши идоли до овој ден - па сакате да Ме прашате ли, доме Израилев? Жив да сум Јас, вели Господ Бог, нема да ви одговорам. |
32. | И она, што ви па а на ум, никако нема да се изврши. Вие велите: "ке му служиме на дрвото и на каменот како незнабошците, како племињата од други земји." |
33. | Жив да сум Јас, вели Господ Бог; со силна рака и протегната мишка, изливајки јарост, ке господарам над вас. |
34. | И ке ве изведам Јас од кај народите и од земјите, по кои сте распрастани, и ке ве соберам со силна рака и со протегната мишка, изливајки јарост. |
35. | И ке ве доведам во пустињата на народите и таму ке се судам со вас лице во лице. |
36. | Како што се судев со татковците ваши во пустињата на Египетската земја, така ке се судам и со вас, вели Господ Бог. |
37. | И ке ве преведам под стап и ке ве ставам во оковите на заветот. |
38. | И ке ги оделам од вас отстапниците и непокорните. Kе ги изведам од земјата, каде што живеат, но во земјата Израилева тие нема да влезат, - и ке познаете, дека Јас сум Господ. |
39. | А вие, доме Израилев, така вели Господ Бог - секој од вас оди при идолите свои и им служи, не слушајки Ме Мене, но не осквернувајте го повеке светото име Мои, со вашите дарови и со вашите идоли, |
40. | зашто на Мојата Света Гора, на високата планина Израилева - вели Господ Бог - таму ке Ми служи сиот Израилев дом, целиот, колку што го има на земјата; таму ке ги примам со благоволение и таму ке ги побарам приносите ваши и првините ваши со сите ваши светињи. |
41. | Kе ве примам како благопријатно кадиво, кога ке ве изведам од народите и ке ве соберам од земјите, по кои сте распрснати и ке се светам во вас пред очите на народите. |
42. | Па ке познаете, дека Јас сум Господ, кога ке ве воведам во земјата Израилева - во земја, за која се заколнав на татковците ваши, откако ја подигнав раката Своја. |
43. | И ке се сетите таму за вашите патишта и за сите ваши дела, со кои се осквернувавте, па ке се гадите од самите себе, за сите ваши злодела, што сте ги вршеле. |
44. | И ке познаете дека Јас сум Господ, кога ке почнам да постапувам со вас заради името Свое, не според вашите лоши патишта и вашите развратни дела, доме Израилев, вели Господ Бог. |
← Ezekiel (20/48) → |