← Ezekiel (2/48) → |
1. | Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Он ми рече: "Сине човечки, стани на нозе, и Јас ке говорам со тебе." |
2. | И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше. |
3. | Тогаш Он ми рече: "Сине човечки, Јас те пракам при Израилевите синови, при непокорни лу е, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден. |
4. | Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце; при нив те пракам и ти ке им кажеш - вака вели Господ Бог. |
5. | Дали ке те послушаат или нема да те послушаат, бидејки тие се дом отстапнички - но нека знаат дека ме у нив имало пророк. |
6. | А ти, сине човечки, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ке се разбеснат и ке те навредуваат од сите страни; ме у нив ке живееш - како ме у трње и скорпии; не бој се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички; |
7. | и кажувај им ги зборовите Мои - па слушале тие или не, бидејки се тие непокорни. |
8. | А ти, сине човечки, чуј што ке ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ке ти го дадам." |
9. | И видов, ете, протегната рака спрема мене, и во неа - книжен свиток. |
10. | И Он ги разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање. |
← Ezekiel (2/48) → |