← Ezekiel (19/48) → |
1. | "А ти заплачи за кнезовите Израилеви. |
2. | И кажи: - каква лавица е твојата мајка? Се расположила ме у лавовите, ме у младите лавови, одгледува свои мали. |
3. | И дали отхранила едно од своите млади, па тоа станало млад лав и се научило плен да лови, лу е да јаде." |
4. | И чуја народите за него: бил фатен во неговата јама и во вериги однесен во земјата Египетска. |
5. | И откако почека и виде дека надежта нејзина и пропадна, таа зеде друго свое лавче и го направи млад лав. |
6. | И тоа, кога стана млад лав, почна да оди ме у лавовите и се научи плен да лови, и лу е да јаде, |
7. | ги осквернуваше вдовиците нивни и градовите нивни ги опустошуваше; па запусте земјата и сите нејзини населби од неговото рикање. |
8. | Тогаш се подигнаа против него народите од околните области и ја поставија мрежата своја; тој беше фатен во нивната јама. |
9. | И го ставија во кафез, во вериги, па го одведоа во тврдината, за да не се слуша глас од него по планините Израилеви. |
10. | Твојата мајка беше како лоза, посадена покрај вода; плодовита и разгранета беше таа од многу вода. |
11. | И имаше при неа прачки здрави за скиптар на владетел и високо се издигна со својот раст и ме у густите прачки, па се истакнуваше во височината своја, со многуте свои ластари. |
12. | Но, во гневот таа беше откорната, фрлена на земја и источниот ветар го исуши плодот нејзин; откинати и исушени се нејзините силни прачки, отан ги проголта. |
13. | А таа сега е пресадена во пустињата, во земја сува и жедна. |
14. | И излезе оган од сплетот на гранките нејзини, ги проголта плодовите нејзини и не останаа на неа здравите прачки за скиптар на владетел. Тоа е жална песна и ке има плачење. |
← Ezekiel (19/48) → |