← Ezekiel (18/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Зошто употребувате во Израилевата земја поговорка, велејки: ‘татковците јадеа кисело грозје, а на децата забите им факаат оскомина?‘ |
3. | Жив да сум, Јас, вели Господ Бог: - во иднина нема да ја кажуваат таа поговорка во Израилот. |
4. | Оти, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ке умре. |
5. | Ако некој е праведен и врши суд и правда, |
6. | по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува и до жената своја, кога се чисти од својата нечистотија не се приближува; |
7. | никого не присилува, не должникот му го врака залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и голиот го облекува во облека, |
8. | под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд ме у човек со човек; |
9. | постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби - тогаш тој е праведник, тој секако ке биде жив, вели Господ Бог. |
10. | Но, ако му се роди син разбојник, кој пролива крв и врши нешто што и да е слично на тоа, |
11. | кое тој сам никако не вршел и по планини јаде жртвено, и жената на ближниот ја осквернува, |
12. | беден и сиромав присилува, одзема насила, залог не врака и кон идолите ги врти очите, тој врши гадотија; |
13. | дава под лихва и зема лихва, - па зар ке биде тој жив? Не, тој нема да биде жив. Кој ги врши сите тие гадни работи, тој бездруго ке умре, крвта негова ке биде врз него. |
14. | Но, ако некому му се роди син, кој, гледајки ги сите тие гревови на својот татко, какво што ги вршел, па гледа - и не врши слични работи: |
15. | по планини жртвено не јаде, кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува |
16. | и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му дава на гладен и гол со облека облекува, |
17. | врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите поведлби, тој нема да умре заради гревовите на татка си: тој ке биде жив. |
18. | А татко му, бидејки жестоко притискал, братот го ограбувал, и вршел лоши работи кај народот свој, ете - тој ке умре поради своето беззаконие. |
19. | Вие велите: ‘зошто, пак, синот не ја сноси вината на татка си?‘ Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги извршува: тој ке биде жив. |
20. | душа, која згрешила, ке умре; синот нема да го понесе гревот на татка си, и таткото нема да го понесе гревот на сина си, правдата на праведниот при него си останува и беззаконието на грешникот при него си останува. |
21. | И грешникот, ако се одврати од сите свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ке биде жив, нема да умре. |
22. | Сите негови престапи, какви што правел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ке ја врши, тој ке биде жив. |
23. | Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам - тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив. |
24. | И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ке биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ке умре. |
25. | Но вие велите: ‘не е исправен патот Господен‘. Послушајте, доме Израилев, зар Мојот пат не е исправен? Зар патиштата ваши не се неисправни? |
26. | Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и затоа умира, тој умира поради гревот што го направил. |
27. | И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па извршува суд и правда - ке ја врати душата своја кон живот. |
28. | Оти тој видел и се откажал од сите свои пресатпи, какви што направил: ке биде жив, нема да умре. |
29. | А домот Израилев вели: ‘не е прав патот Господен!‘ Не се ли прави доме Израилев, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта? |
30. | Затоа Јас ке ви судам вам, доме Израилев, секого според делата негови, вели Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето нечестие да не ви биде вам сопка. |
31. | Отфрлете ги од себе сите свои гревови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате? - доме Израилев. |
32. | Оти, Јас не ја сакам смртта на оној што умрел, вели Господ Бог; но поправете се - и живејте!" |
← Ezekiel (18/48) → |