← Ezekiel (17/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, предложи загатка и кажи паримија за домот Израилев. |
3. | Кажи, вака вели Господ Бог: "Голем орел со големи криља, со долги перја, буфлест, шарен долета на Ливан и застана на врвот од еден кедар, |
4. | ја открши најгорната гранка со гранчињата, ја донесе во Хананската земја и ја стави до градот на трговците; |
5. | зеде од семето од онаа земја, го посеа во погодна земја и по постави до големата вода, како што се садат врбите. |
6. | И тоа израсна и стана лоза, широка, ниска во височина, чии прачки се наведнуваа кон неа и корењата нејзини беа под неа, па стана лоза, и пушти фиданки и прачки. |
7. | Имаше и еден друг орел со големи криља и буфлест; и ете таа лоза се провлече кон него со корењата свои и ги рашири прачките кон него за да ја полива од браздите на расадникот свој. |
8. | Таа беше посадена на добра земја, покрај голема вода, така што можеше да пуши ластари и да дава плод, да стене великолепна лоза. |
9. | Кажи - така вели Господ Бог: ке успее ли таа? нема ли да и ги искорнат корењата нејзини, нема ли да и ги искинат плодовите нејзини, така што таа да се исуши; сите млади ластари, што израснале од неа ке се исушат. И не со голема сила и не многу лу е ке ја искорнат со корењата нејзини. |
10. | И ете, макар што е посадена, па ке успее ли? Нема ли да се исуши, што ке дувне источниот ветар? - ке си исуши таа во браздата, таму каде што израснала. |
11. | И би слово Господово до мене: |
12. | Кажи му на отстапничкиот дом: "зар не знаете што значи тоа?" - кажи: "ете, дојде вавилонскиот цар во Ерусалим, го фати царот негов и кнезовите негови и ги одведе при себе во Вавилон. |
13. | Фати и друг од царски род, склучи со него сојуз и го обврза со клетва, земјаки ги при себе силните во таа земја. |
14. | за да биде покорно царството да не може да се крева, за да се пази сојузот и да биде цврст. |
15. | Но тој се одметна од него, прати свои пратеници во Егиепт за да му дадат коњи и многу лу е. Kе успее ли тој? Kе има ли благослов тој, што го врши тоа? Тој го нарушил сојузот и ке успее ли?" |
16. | "Жив да сум Јас, вели Господ Бог. - Во пребивалиштето на царот, кој го постави за цар и кому му е дадена клетва, тој го презре и го наруши сојузот свој со него. Затоа тој ке умре при него во Вавилон. |
17. | Со голема сила и со многубројниот народ Фараонот нема да му помогне во таа војна, кога оној ке направи опкопи и изгради кули за погбел на многу души. |
18. | Тој ја презре клетвата, за да го наруши сојузот, и ете ја подаде раката своја и го направи сето тоа; тој нема да успее." |
19. | Затоа, вака вели Господ Бог; "жив да сум Јас, Мојата клетва, кој тој ја презре, и Мојот сојуз, што тој го наруши, Јас ке го свртам врз главата негова. |
20. | Kе ја фрлам врз него мрежата Моја и ке биде фатен во моите примки; ке го одведам во Вавилон и таму ке се судам со него за предавството негово против Мене. |
21. | А сите бегалци негови со сета војска ке паднат од меч, додека другите ке бидат распрснати по сите ветрови; и ке познаете дека јас, Господ, сум го рекол ова." |
22. | Така вели Господ Бог: "Kе земам од врвот на високиот кедар - и ке посадам; од неговите најголеми гранки ке откинам нежно гранче и ке го посадам на висока и величествена планина. |
23. | На високата Израилева гора ке го посадам - и тоа ке пушти гранки, ке даде плод и ке стане величествен кедар, и ке се собираат под него секаков вид птици, секаков вид пернати и ке се одмараат во сенката на неговите гранки. |
24. | И ке разберат сите полски дрвја, дека Јас, Господ, високото дрво го снизувам, ниското го издигам, зеленото го исушувам, а сувото дрво го раззеленувам - Јас Господ го реков тоа - и ке го направам". |
← Ezekiel (17/48) → |