← Ezekiel (16/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, кажи му ги на Ерусалим неговите гадотии. |
3. | И речи - вака и вели Гспод Бог на керката ерусалимска: - твојот корен и твојата татковина е во Хананската земја; татко твој е Амореец, а мајка ти е Хетејка; |
4. | при твоето ра ање - во денот кога се роди - папокот ти го пресекоа, со вода не те измија заради очистување, со сол не те посолија и во пелени не те повија. |
5. | Ничие око не се смили на тебе та од милост кон тебе да ти направат нешто од тоа; но те фрлија во полето од презир кон твојот живот во денот на твоето ра ање. |
6. | Минував јас покрај тебе и те видов оставена како преташ во крвта твоја, па ти реков: ‘живеј во крвта своја!‘ Така ти реков и пак Јас - ‘во крвта своја живеј!‘ |
7. | Се размножи како растенијата во полето; порасна, стана голема и се здоби со голема убавина: твоите гради се надигаа, а и косата ти порасна; но беше гола и непокриена. |
8. | Минував покрај тебе и те видов, а тоа беше времето твое, време за љубов; ги прострев полите од облеката Своја врз тебе и ја покрив голотијата твоја; па ти се заколнав и стапив во сојуз со тебе, вели Господ Бог - и ти стана Моја. |
9. | Те измив со вода, и ја измив од тебе крвта и те помазав со елеј. |
10. | Ти облеков везена облака и ти обув црвени сандали, те опашав со висон и те покрив со свилен превез. |
11. | Те искитив со накити и ти ставив гривни на рацете, а околу вратот - веришка. |
12. | Ти ставив и прстан на носот, обетки на ушите, а на главата твоја - прекрасен венец. |
13. | И така, ти беше украсена со злато и сребро, а облеката ти беше висон, свила и везена ткаенина; се хранеше со леб од најдобро пченично брашно, со мед и елеј, и беше многу убава, па достигна царско велелепие. |
14. | И се разнесе славата твоја ме у народите поради твојата убавина, зашто таа претставуваше полно совршенство при великолепниот накит, со кој ти искитив - вели Господ Бог. |
15. | Но ти се надеваше на убавината своја, и користејки се со славата своја, почна да блудствуваш, и живееше блудно со секој минувач, подавајки му се. |
16. | Па зеде од облеката своја и си направи шарени идолчиња, па блудствуваше на нив како ништо да не било, и нема да биде. |
17. | И ги зеде своите накити од моето злато и од моето сребро, што ти ги дадов Јас и си направи од нив машки ликови и блудстуваше со нив. |
18. | Па ги зеде своите везени облеки, ги облече во нив, и стави пред нив Мој елеј, Мој темјан, |
19. | и Мој леб, што ти го давав; пченичното брашно, елејот и медот, со кое те хранев, ти ги ставаше пред нив со благопријатен мирис; и тоа стана така - вели Господ Бог. |
20. | И ги зеде сивновите свои и керките свои, што Ми ги роди, па ги принесуваше преку оган како жртва, за да бидат проголтани. Зар малку блудствуваше? |
21. | Но ти и синовите Мои ги колеше и ги давеше, принесувајки ги преку оган. |
22. | И при сите твои гадотии и твоите блудства, ти не се сети за деновите на својата младост, кога беше гола и непокриена и фрлена за да бидеш измачувана во крвта своја. |
23. | И по сите тие злодејанија - ‘тешко, тешко тебе‘, вели Господ Бог. |
24. | Ти изгради куки за блуд, на својата улица ги направи. |
25. | Во почетокот на секоја улица направи куки за блуд, ја срамотеше твојата убавина, ги рашируваше нозете твои за секој минувач, го преумножи твоето блудствување. |
26. | Блудствуваше со египетските синови - со своите соседи, лу е силни, го умножуваше блудството и ме разгневуваше. |
27. | И ете, Јас ја протегнав раката Своја против тебе и го намалив дарот, за тебе, па те препуштив на произвол пред керките филистејски, кои те мразеа и се засрамија од твоето лошо поведение. |
28. | Ти блудствуваше со синовите на Асура не се насити што блудствуваше со нив, но со тоа не се задоволи; |
29. | Ти ги умножи блудствата свои во земајта Хананска до Халдеја, но и со тоа не се задоволи. |
30. | Колку ли треба да е истоштено срцето твое - вели Господ Бог - кога сето тоа го вршеше како необуздана блудница! |
31. | Кога градеше куки за блуд во почетокот на секоја улица и си правеше шерени возвишенија на секој крстопат, ти не гледаше како блудница, зашто ги отфрлуваше подароците, |
32. | но беше како неверна жена, која место својот маж, прибира ту и мажи. |
33. | На секоја блудница и даваат подароци, а ти самата даваше подароци на сите свои миленици и ги поткупуваше, за да доа аат при тебе од сите страни и да блудстуваат со тебе. |
34. | При твоето блудствување стануваше обратно од она, што станува кај жените; за да доа аат при тебе, а ти даваше подароци, тебе не ти даваа подароци; и затоа ти постапуваше обратно од другите. |
35. | Па поради тоа чуј го, блуднице, словото Господово. |
36. | Вака вели Господ Бог: заради тоа што ги распилуваше парите свои и при блудствувањето твое беше разоткривана голотијата твоја пред очите на твоите миленици и пред сите твои одвратни идоли, а за крвта на твоите синови, што им ги даваше ти - |
37. | затоа, еве, Јас ке ги соберам сите твои миленици, со кои се насладуваше и кои ти ги љубеше, како и оние што ги мразеше, и ке ги соберам одред сите против тебе и ке ја разоткријам пред нив голотијата твоја, и ке го видат сиот срам твој. |
38. | Јас ке ти судам, како што им се суди на прељубнички и на оние, кои пролеваат крв - и ке те предадам на крвава јарост и ревност; |
39. | ке те прададам во рацете нивни и тие ке ги разрушат блудилиштата твои и ке ги расфрлаат, ке ги соблечат облеките твои од тебе, ке ги земат накитите твои и ке те остават гола и непокриена. |
40. | Kе свикаат против тебе собрание, ке те убијат со камења и ке те расечат со мечеви свои. |
41. | Со оган ке ги изгорат твоите куки и ке извршат над тебе суд пред очите на многу жени; и ке стават крај на твоето блудство, и повеке нема да даваш подароци. |
42. | Kе го смирам над тебе Својот гнев, и ке отстапи од тебе Моето негодување, ке се успокојам и нема повеке да се гневам. |
43. | Затоа што не се сети на деновите од младоста своја и што со сето тоа Ме дразнеше, ве, и Јас ке го свртам поведението твое врз главата твоја, вели Господ Бог, за да не се предаваш повеке на разврат по сите твои гадотии. |
44. | Еве, секој што зборува во раскази, може да каже за тебе: ‘каква е мајката, таква е и керката‘. |
45. | Ти си керката како мајката твоја, која го оставила мажот свој и децата свои, и ти си сестра како сестрите нејзини, што ги оставиле мажите свои. Вашата мајка е Хетејка, а таткото ваш беше Амореец. |
46. | Твојата поголема сестра е Самарија, која со керките свои живееше лево од тебе, и помалата сестра твоја, што живееше десно од тебе е Содом со керките свои. |
47. | Но ти и по нивните патишта не одеше и по нивните годотии не постапуваше. Тоа беше малку: ти постапуваше поразвратно од нив во сите твои патишта. |
48. | Жив да сум, вели Господ Бог: дури е Содом, сестрата твоја и керките нејзини не го вршеа она што го правеше ти и твоите керки. |
49. | Ете во каква состојба е беззаконието на сестра ти Содом и на кеките нејзини: во гордост, во презаситеност, во празнина, и раката нејзина не помагаше силно човек во беда. |
50. | И се погодија тие, па вршеа гадотии пред лицето Мое, и, откако го видов тоа, Јас ги отфрлив. |
51. | Самарија и половината од гревовите твои не направи; ти ги надмина со твоите гадотии, и преку твоите нечистотии, што ги изврши, сестрите твои се покажаа поисправни од тебе. |
52. | Носи го поради тоа срамот свој и ти, што ги осудуваше сестрите свои; според гревовите, со кои се покажа полоша од нив, тие се поисправни од тебе. Зацрвени се тогаш од срамот и ти, и носи си го срамот, што така ги оправда сестрите свои. |
53. | Но јас ке ги вратам нивните заробеници, заробениците на Содом и на керките нејзини, заробениците на Самарија и не керките нејзини, како и твоите во плен одведени ме у нив, |
54. | за да го носиш срамот свој и да се срамуваш од сето ова, што го правеше, откако ке им бидеш утеха. |
55. | И сестрите твои, Содом и керките нејзини, ке се вратат во поранешна состојба; исто така Самарија и керките нејзини ке се вратат во поранешна состојба; а и ти и твоите керки ке се вратите во поранешната состојба. |
56. | За сестра ти Содом и помен немаше во устата своја во деновите на твојата гордост, |
57. | додека уште не беше откриено твоето бесчестие, како во времето, кога беше посрамена од сириските керки и од сите, што ја опкружуваа, од филистејските керки кои одреда гледаа на тебе со презир. |
58. | Поради твојот разврат и поради твоите гадотии ти трпиш," - вели Господ. |
59. | Оти така вели Господ: "Јас ке постапам со тебе, како што постапи ти, кога ја презре клетвата, нарушувајки го сојузот. |
60. | Но Јас ке се сетам на Мојот сојуз со тебе во деносите на твојата младост и ке востановам со тебе вечен сојуз. |
61. | А и ти ке се сетиш за твоите патишта, и ке ти биде срам, кога ке почнеш да ги примаш сестрите свои, поголемите од тебе, како и помалите од тебе, и кога почнав да ти ги давам за керки, но не по твојот завет. |
62. | Јас ке го востановам Мојот сојуз со тебе, и ти ке познаеш, дека Јас сум Господ, |
63. | за да помниш и да се срамуваш, и во иднина да не можеш од срам да ја отвориш устата, кога ке ти простам се, што го правеше ти" - вели Господ Бог. |
← Ezekiel (16/48) → |