← Ezekiel (14/48) → |
1. | И дојдоа при мене неколкумина Израилеви старешини, па седнаа пред мене. |
2. | И би слово Госпдово до мене: |
3. | "Сине човечки, овие лу е дозволија своите идоли да си ги стават во срцата свои, се соблазнија со своето бесчестие: можам ли да им одговорам?" |
4. | Затоа зборувај со нив и кажи им - вака вели Господ Бог: "Ако некој од домот Израилев дозволи во срцето свое да има идоли и така со тоа да го соблазнува своето бесчестие, па дојде при пророк, - па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли да му дадам одговор? |
5. | Домот Израилев нека разбере во срцето свое, дека сите со своите идоли станаа ту и за Мене." |
6. | Затоа кажи му на домот Израилев - вака вели Господ Бог: "Обрнете се и откажете се од вашите идоли и од сите ваши гадотии одвратете го лицето свое. |
7. | Зашто, ако некој од домот Израилев и од придојдените кои живеат при Израилот, се откаже од Мене и допушти во срцето свое да има идоли и со тоа пред лицето свое бесчести, па дојде при пророк за да ме праша преку него, - па зар Јас, Господ, треба ли да му дадам одговор од Себе? |
8. | Јас ке го свртам лицето Свое против тој човек и ке го поразам како знак и приказ и ке го истребам од мојот народ, и ке познаете дека Јас сум Господ. |
9. | Ако, пак, пророкот дозволи да се измами и каже збор така како Јас, Господ, да сум го научил тој пророк, тогаш Јас ке ја протегнам раката Своја против него и ке го истребам од народот мој, од Израилот. |
10. | И тие обајцата ке ја понесат вината за беззаконието. Каква ке биде вината на оној што прашува, таква ке биде вината и на пророкот, |
11. | та во иднина домот Израилев да не се отклонува од Мене и да не се осквернува веке себеси со секакви свои беззаконија, туку да биде Мој народ и Јас да бидам нивни Бог, - вели Господ Бог. |
12. | И би слово Господово до мене: |
13. | "Сине човечки, ако некоја земја ке згрешеше пред Мене, вероломно отстапувајки од Мене, и Јас ја протегнам врз неа раката Своја, ја уништував при неа лебната потпора, пракав врз неа глад и почнував по неа да ги погубувам лу ето и добитокот, |
14. | па, ако се најдеа во неа тројца мажи: Ное, Данаиил и Јов, тие со својата праведност ке можеа да ги спасат само своите души, вели Господ Бог. |
15. | Или, ако пратев врз таа земја лути sверови што би ја осиромашиле, и таа поради sверовите стане пуста и непреодна. |
16. | тоа тројцата тие мажи во неа да се - жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни керките, а само тие би се спасиле, земјата пак би останала пуста. |
17. | Или, ако пратев врз таа земја меч и му реков: ‘мечу мини преку земјата!‘, и тој почнеше да истребува по неа лу е и добиток, |
18. | тоа само тие тројца мажи среде неа - жив да сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни керките, а би се спасиле само тие. |
19. | Или, да бев пратил врз таа земја помор и да бев ја излеал врз неа јароста Своја во крвопролевање, за да истребувам во неа лу е и добиток, |
20. | тоа Ное, Даниил и Јов среде неа - жив да сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни керките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души." |
21. | Зашто така вели Господ Бог: "Ако и четирите мои тешки поразии - мечот и гладот, лутите sверови и поморот - би ги пратил врз Ерусалим за да истребуваат во него лу е и добиток, |
22. | и тогаш ке остане во него само остатокот на синовите и керките, што нема да бидат изведени оттаму; ете, тие ке дојдат при вас и вие ке го видите поведението нивно и делата нивни, па ке се утешите за онаа беда, што ја пратив врз Ерусалим, за се што пратив врз него. |
23. | Тие ке ве утешат, кога ке го видите нивното поведение и делата нивни; и ке познаете дека не залудо Јас го извршив сето тоа, што го извршив во него", вели Господ Бог. |
← Ezekiel (14/48) → |