← Ezekiel (13/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, изречи пророштво против пророците на Израилот, кои пророкуваат, и кажи им на оние, што пророкуваат од свое срце: чујте го словото Господово. |
3. | Вака вели Господ Бог: "тешко им на безумните пророци, што се водат од својот дух, а ништо не виделе. |
4. | Твоите пророци, Израиле, се како лисици во развалини. |
5. | Во пролом вие не влегувате и не го оградувате со sид домот Израилев за да биде цврст при битката во денот Господен. |
6. | Тие гледаат суета и претскажуваат лага, велејки: "Господ вели", а Господ не ги испратил; и даваат надеж дека словото ке се исполни. |
7. | Зар не видовте суетно видение и не кажувате ли лажно предвестие, велејки: "Господ вели", а Јас, пак, не сум рекол? |
8. | Затоа вака вели Господ Бог: - бидејки кажувате суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, - вели Господ Бог. |
9. | И ке биде раката Моја против тие пророци, кои гледаат суета и претскажуваат лага; во советот на Мојот народ тие нема да бидат, во списокот на домот Израилев нема да бидат запишани и во земјата Израилева нема да влезат. Па ке познаете, дека Јас сум Господ Бог. |
10. | Затоа што го воведуваат Мојот народ во заблуда, велејки: - мир, а мир нема; и кога тој гради sид, а тие со кал го мачкаат. |
11. | Кажи им на тие што sидот го мачкаат со кал, дека тој ке падне, ке заврне силен дожд и ти, sиду од камен, ке паднеш и силен ветар ке те распарчи. |
12. | И, ете, sидот ке падне; нема ли тогаш да кажат: "Каде е мачканицата, со која го мачкавме?" |
13. | Затоа вака вели Господ Бог: "Kе пуштам разорен ветар во гневот Свој и ке падне пороен дожд во јароста Моја, и град како камења во јадот Мој ке биде за истребување. |
14. | Kе го урнам sидот, што го мачкавте со кал, и ке го фрли на земја; ке се открие темелот негов, па ке падне, а вие заедно со него ке загинете, и ке познаете, дека Јас сум Господ. |
15. | И ка ја излеам јароста Своја врз sидот и врз оние што го мачкаа со кал, и ке ви речам: - го нема sидот и ги нема они, што го мачкаа - |
16. | пророците Израилеви, кои му пророкуваа на Ерусалим и го известуваа за мирни виденија, кога мир немаше, - вели Господ Бог." |
17. | А ти, сине човечки, сврти го лицето свое кон керките на овој народ, кои пророкуваат од своето срце, и кажи пророштво против нив. |
18. | па речи - вака вели Господ Бог: "Тешко им на оние што си пришиваат магијски амајлии под мишките и прават превези на главата за секоја возраст, само да ловат души. Зар ловејки ги душите на Мојот народ, вие ке си ги спасувате вашите души? |
19. | И Ме обесчестувате пред Мојот народ за рака јачмен и за парчиња леб, умртвувајки ги душите што не треба да умрат, а оставајки ги да живеат оние души, што не треба да живеат, лажејки го народот што слуша лага." |
20. | Затоа вака вели Господ Бог: "Еве, Јас сум против вашите магиски амајлии, со кои ги ловите душите како птички, ке ги искинам од под мишките ваши и ке ги пуштам на слобода душите, што ги ловите како птички. |
21. | Kе ги парчосам вашите покривала и ке го избавам Својот народ од рацете ваши; тие нема да бидат веке плен во рацете ваши, па ке познаете дека Јас сум Господ. |
22. | Поради тоа што со лага го жалостите срцето на праведникот, кого Јас не сакам да го жалостам, и ги задржувате рацете на грешникот, за да не се одврати од својот порочен пат, па не го зачува својот живот, |
23. | затоа нема да имате веке суетни виденија и во иднина нема веке да баете, Јас ке го избавам мојот народ од рацете ваши, и ке познаете, дека Јас сум Господ." |
← Ezekiel (13/48) → |