← Ezekiel (12/48) → |
1. | И би слово Господово до мене: |
2. | "Сине човечки, ти живееш среде отстапнички дом: тие имаат очи да гледаат, а не гледаат имаат и уши да слушаат, но не слушаат; затоа што се тие дом отстапнички. |
3. | А ти, сине човечки, приготви си се што е потребно за преселување и сред бел ден пресели се пред очите нивни, пресели се од твоето место во друго место, пред очите нивни; можеби, тие ке разберат, макар што се дом отстапнички. |
4. | И работите твои изнеси ги како работи потребни за преселување, дење пред очите нивни, и сам излези вечерта пред очите нивни, како тие што излегуваат за преселување. |
5. | Пред очите нивни пробиј си отвор во sидот и изнесувај низ него. |
6. | Пред очите нивни земи го товарот свој на рамо, па во приквечерина изнеси го, подзатскриј го лицето свое, за да не ја видиш земјата; затоа што Јас те поставив за знак на домот Израилев." |
7. | И извршив како што ми беше заповедано; работите нужни при преселувањето ги изнесов дење, а вечерта прокопав со раката отвор во sидот и во темнината го изнесов товарот, и го кренав на рамо пред очите нивни. |
8. | Утредента рано би слово Господово до мене: |
9. | "Сине човечки, не му кажа ли ти на домот Израилев, домот отстапнички - што вршиш?" |
10. | Кажи им - вака вели Господ Бог: "Тоа е предвесник за началникот на Ерусалим и за целиот дом Израилев, кој е таму." |
11. | Кажи: "Јас сум знакот за вас; она што го вршам јас, тоа ке биде и со нив, при преселувањето, во ропство ке отидат тие. |
12. | А началникот, што е ме у нив во темнина, носејки на рамо, ке излезе. Sидот ке го пробијат за да го изнесат низ него; тој ке го сокрие лицето свое, така што со очите свои нема да ја види оваа земја. |
13. | А Јас, ке ја спрострам врз него Мојата мрежа, и тој ке биде фатен во мојата примка, и ке го одведам во Вавилон, во земјата Халдејска, но тој нема да ја види, и таму ке умре. |
14. | А сите што се околу него, неговите помошници, и сета војска ке ја развеам по сите ветрови, и ке го извадам мечот по нив. |
15. | И ке познаат тие, дека Јас сум Господ, Оној Кој ги распрсна ме у народите и ги развеа по земјите. |
16. | Но еден мал број од нив Јас ке го запазам од меч, глад и помор, за да им ги раскажуваат на народите, при кои ке отидат, сите гадотии; и ке познаат, дека Јас сум Господ." |
17. | И би слово Господово до мене: |
18. | "Сине човечки, јади го лебот со трепет, и водата пиј ја со треперење и со мака. |
19. | И кажи му на народот од оваа земја: вака вели Господ Бог за жителите на Ерусалим, за земјата на Израилот; тие ке го јадат лебот со жал и водата ке ја пијат во очајание, зашто поради неправдата на сите што живеат во неа, земјата ке биде лишена од секакво изобилие. |
20. | И ке бидат разорени населените градови, и земјата ке стане пуста, и ке познаете дека Јас сум Господ." |
21. | И би слово Господово до мене: |
22. | "Сине човечки, каква е таа поговорка кај вас во земјата Израилева: ‘Многу денови ке изминат и секое пророчко видение ке изчезне?‘" |
23. | Затоа кажи им - вака вели Господ Бог: "Kе ја уништам таа поговорка, и нема веке тие да ја употребуваат таа поговорка во Израилот; но, кажи им - блиски се деновите и извршувањето на секое пророчко видение. |
24. | Оти нема веке да остане попусто ниедно пророчко видение, и ниедно предвестување нема да биде лажно во домот на Израилот. |
25. | Зашто Јас, Господ, го зборувам ова: и зборот, кој Јас го кажувам ке се исполни, и нема да биде одложен; во ваши денови, доме отстапнички, реков збор, и ке го исполнам", вели Господ Бог. |
26. | И би слово Господово до мене: |
27. | "Сине човечки, ете, домот Израилев вели: пророчкото видение, што го виде тој, ке се изврши по многу денови и тој пророкуваше за далечни времиња." |
28. | Затоа кажи им: вака вели Господ Бог: "Ниеден Мој збор нема да биде одложен, но зборот, што ке го кажам Јас, ке се изврши," вели Господ Бог. |
← Ezekiel (12/48) → |