← Ezekiel (11/48) → |
1. | Ме дигна духот и ме доведе пред источната врата на домот Господен, која гледаше кон исток. А таму - пред влезот на вратата дваесет и пет човека, и ме у нив го видов Јазанија, синот Азуров, и Фалтија, синот Ванеев, кнезовите народни. |
2. | И Он ми рече: "Сине човечки, еве ги лу ето што на ум имаат да вршат беззаконија и кои му даваат лош совет во овој град, |
3. | велејки: ‘Уште е далеку; да си градиме домови; тој е котел, а ние - месо.‘ |
4. | Затоа изречи против нив пророштво, пророкувај, сине човечки!" |
5. | И слезе врз мене Духот Господен и ми рече: "Кажи - така вели Господ - она што го зборувате вие, доме Израилев, и она што ви иде на ум, тоа Јас го знам. |
6. | Многумина ваши убиени ги положивте во тој град, и улиците негови се исполнија со трупови." |
7. | Затоа, вака вели Господ Бог: "Убиените ваши, што ги оставивте среде него, се месо, а тој - котел; но вас Јас ке ве изведам од него. |
8. | Вие се боите од меч, а Јас ке испратам врз вас меч, вели Господ Бог. |
9. | И ке ви изведам од него, ке ве предадам во рацете на ту инци, и ке изршам суд над вас. |
10. | Од меч ке паднете; во пределите на Израилот ке ви судам, ке познаете, дека Јас сум Господ. |
11. | Он нема да биде за вас котел, и вие нема да бидете во него месо; во пределите Израилеви ке ви судам. |
12. | И ке познаете, дека Јас сум Господ; затоа што не ги извршувавте Моите наредби, туку одевте по наредбите на народите околу вас." |
13. | И ете, кога пророкував, Фалтија, синот Ванеев, умре. И паднав ничкум, викав со силен глас и реков: О, Господи Боже, зар сакаш до крај да го истребиш остатокот на Израилот?" |
14. | И би слово Господово до мене: |
15. | "Сине човечки, на браката твои, на твоите брака, на твоите еднокрвни и на сиот Израилев дом - на сите што живеат во Ерусалим, им велат: ‘живејте далеку од Господа, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘" |
16. | За ова кажи им: вака вели Господ Бог - "макар и да ги оддалечив ме у народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ке бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа." |
17. | Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: "Јас ке ве соберам од кај народите и ке ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ке ви ја дадам земјата Израилева. |
18. | И ке дојдат таму и ке ве исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии. |
19. | И ке им дадам едно срце, ке вложам во нив нов дух, ке го земам од телото нивно каменото срце и ке им дада срце од плот, |
20. | за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршуваат; и ке бидат Мој народ, и Јас ке бидат пак нивни Бог. |
21. | А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивното поведение ке го свртам врз нивните глави", вели Господ Бог. |
22. | Тогаш херувимите ги подигнаа криљата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израилевиот Бог беше над нив одозгора. |
23. | И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се нао а источно од градот. |
24. | И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Халдеја, при преселените. И видението, што го имав, избега од мене. |
25. | И јас им ги пренесов на изгонените сите зборови Господови, што ми ги откри Он. |
← Ezekiel (11/48) → |