← Ezekiel (10/48) → |
1. | И видов, ете на сводот, што е над главите на херувимите, нешто како камен сапфир, како нешто да прилега на престол, се гледаше над нив. |
2. | И му зборуваше Он на човекот, облечен во ленена облека, па рече: "Влези ме у тркалата под херувимите, земи полна рака рагорени јаглени од местото ме у херувимите и расфрли ги врз градот." И тој влезе пред очите мои. |
3. | Херувимите, пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и облак го исполни внатрешниот двор. |
4. | И славата Господова се подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова. |
5. | И шумот од криљата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Сесилниот, кога Он зборува. |
6. | И кога Он му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: "ЗЕми оган од местото ме у тркалата, ме у херувимите", и кога тој влезе и застана ме у тркалата - |
7. | тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огонот, што беше ме у херувимите, и зеде, па му даде една рака на облечениот во бела лененна облека. Тој зеде и излезе. |
8. | А под криљата на херувимите се гледаа подобија слични на човечки раце. |
9. | И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз. |
10. | И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се нао аше во друго тркало. |
11. | Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа. |
12. | И телото нивно и грбот нивни и рацете нивни, и криљата нивни, и тркалата нивни наоколу беа исполнети со очи - сите имаа по четири тркала. |
13. | Тркалата се викаа, како што чув, галгал. |
14. | И секое животно имаше по четири лица: првото лице - лице херувимско, вторто лице - лице човечко, третото лице - лице лавовско и четвртото - лице орловско. |
15. | Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Ховар. |
16. | Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа криљата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа при нив. |
17. | А кога стоеја, стоеја и тие; кога ке се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните. |
18. | И славата Господова се подгна од прагот на домот, па застана над херувимите. |
19. | И херувимите ги подигнаа криљата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источната врата од домот Господен, и славата на Бога Израилев беше над нив одозгора. |
20. | Тоа бе истите животни, што ги видов во подножјето на Израилевиот Бог при реката Ховар. И јас разбрав дека тоа се херувими. |
21. | Секој имаше по четири лица, и секој - по четири криља, а под нозете слично на човечки раце. |
22. | Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Ховар - од ист вид, тие истите. Секој одеше право во оној правец, што беше пред лицето негово. |
← Ezekiel (10/48) → |