Ezekiel (1/48) → |
1. | Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев ме у преселените при реката Ховар, се отворија небесата - и јас видов Божји виденија. |
2. | Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким, |
3. | би слово Господово до свештеникот Језекиила, синот Вузиев, во земјата Халдејска при реката Ховар; и беше таму раката Господова врз него. |
4. | И видов: ете, бурен ветар доа аше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше; |
5. | среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни - по обликот свој слични на човек; |
6. | секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив - по четири криља; |
7. | а нозете нивни - прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како сјаен бакар; криљата, пак, нивни беа лесни. |
8. | А под криљата нивни имаа човечки раце - на сите четири страни. |
9. | Четирите животни имаа свои лица и криља, криљата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во правец на лицето свое. |
10. | Обликот на лицето нивно им беше како лице човечкио и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна - лице телешко при сите четири, и лице орловско кај сите четири животни. |
11. | И лицата нивни и криљата нивни одозгора им без разделени, но при секое двете криља се допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни. |
12. | И одеа тие, секое во правец на лицето свое; на каде што духот сакаше да оди, натаму и одеа тие; и кога одеа, не се свртуваа. |
13. | Тие животни личеа на разгорени јагнени, на ламбади; огнот се движеше ме у животните, и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот. |
14. | Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица. |
15. | И кога ги гледав животните, ете, на земјата до тие животни имаше по едно тркало спема четирите лица нивни. |
16. | Тркалата и обликот нивни изгледаше нешто слично на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало. |
17. | А кога одеа, се движеа во своите четири правци; кога се движеа не се свртуваа. |
18. | А наплатите нивни беа високи и страшни; наплатите кај сите четири наоколу беа полни со очи. |
19. | И кога одеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата. |
20. | Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ке тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејки духот на животните беше во тркалата. |
21. | Кога одеа животните, одеа и тркалата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога оние се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, зашто духот на животните беше во тркалата. |
22. | Над главите од животните имаше нешто слично на свод небески, како проsирен кристал издигнат одозгора над нивните криља. |
23. | А под сводот се нао аа раширени криљата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни. |
24. | А кога летаа, слушав шум од криљата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа - како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа криљата свои. |
25. | И од сводот над главите нивни се слушаше шум; и кога запираа, ги спуштаа криљата свои. |
26. | Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сапфир; а на престолот - одозгора нешто слично на човек. |
27. | И видов потоа нешто како светнато злато и сребро, а внатре во него наоколу оган - од бедрата угоре; а од бедрата удолу - видов слично на оган, околу кого имаше светлина. |
28. | Како што изгледа виножитото во облаци, во дождовен ден, таква беше таа светлина наоколу. |
Ezekiel (1/48) → |