← Exodus (9/40) → |
1. | Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Влези при Фараонот и кажи му: ‘Вака вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, за да ми изврши служба.‘ |
2. | Оти, ако не го пуштиш, па и понатаму го задржуваш, |
3. | еве, раката Господова ке дојде врз добитокот твој во полето, врз коњите, врз ослите, врз камилите, врз говедата и врз овците - и многу голем помор ке настане. |
4. | И во она време ке направам чуда ме у добитокот на синовите Израилеви; и од сиот добиток на синовите Израилеви нема ништо да загине." |
5. | И определи Господ време, велејки: "Утре ке го направи тоа Господ на земјата." |
6. | И го изврши тоа Господ утредента, и сиот добиток египетски исцрка; а од добитокот на синовите Израилеви ништо не загина. |
7. | И виде Фараонот дека од добитокот Израилев не беше загинато ниту едно грло. Но Фараоновот срце одново отврдна, и тој пак не го пушти народот. |
8. | Тогаш му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки: "Земете полни раце пепел од печката, и Мојсеј нека ја фрли пред Фараонот и пред слугите негови спрема небото; |
9. | и ке се дигне прав по целата земја Египетска; а од неа ке се појават воспаленија и на лу ето, и на доботокот по целата земја Египетска." |
10. | И зедоа пепел од печката, и застанаа пред Фараонот, па ја фрли Мојсеј спрема небо, и се појавија гнојни струпје по лу ето и по добитокот. |
11. | И вражачите не можеа да стојат пред Мојсеја поради струпјето, зашто струпје имаше и на вражачите и на сите Египтјани. |
12. | И го ожесточи Господ срцето на Фараонот и тој не ги послуша, како што му беше рекол Господ на Мојсеја. |
13. | Потоа му рече Господ на Мојсеја: "Стани утре рано и излези пред Фараонот и речи му: ‘Еве што вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, да Ми послужи, |
14. | оти овој пат ке ги пуштам сите зла, за да познаеш дека нема друг како што сум Јас на целата земја. |
15. | Оти сега, ако ја пружам Својата рака, ке те поразам тебе и народот твој со помор, така што ке се истребите од земјата. |
16. | А те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата Своја, за да биде проповедано името Мое по целата земја. |
17. | Уште ли ке се креваш над Мојот народ, и нема ли да го пушташ? |
18. | Па, еве, утре, токму во овој час, Јас ке пратам град многу голем, каков што немало во Египет, откако настанал па досега. |
19. | Затоа, сега побрзај да се прибере добитокот твој, и се‘ што имаш по полето; оти ке падне град врз сите лу е и врз доботокот. А оние, што ке се затечат во полето и не бидат прибрани дома, ке падне град врз нив и ке изгинат." |
20. | Оние Фараонови слуги, кои се уплашија од зборовите Господови, брзо го прибраа добитокот свој по куките. |
21. | А оној, пак, кој не им поверува на зборовите Господови, тој го остави добитокот свој во полето. |
22. | И му рече Господ на Мојсеја: "Пружи ја раката своја кон небото, и ке удри град по целата земја Египетска, врз лу ето, врз доботокот и врз тревата земна." |
23. | И Мојсеј ја крена раката кон небото и Господ пушти громови и град, и течеше оган по земјата. И прати Господ град врз целата земја Египетска. |
24. | Па аше град, а и оган гореше со градот многу силен, каков што немало во целата земја Египетска, откако биле населени лу ето во неа. |
25. | А градот уништи во целата земја Египетска се‘ - од човек до животно; и градот ги уништи сите растенија по полето, и сите дрвја во полето ги сотре. |
26. | Само во земјата Гесем, каде што беа синовите Израилеви, немаше град. |
27. | Тогаш прати Фараонот, и ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Сега згрешив; Господ е праведан, а јас и мојот народ сме грешници. |
28. | Помолете Му се на Господа за мене; нека престанат громовите Божји и градот, и огнот на земјата, па ке ве пуштам, и повеке никој да не ве задржува." |
29. | А Мојсеј му рече: "Штом ке излезам од градот, ке ги кренам рацете мои спрема небото кон Господа, и громовите ке престанат и град и дожд повеке нема да има, за да познаеш дека замјат е Господова. |
30. | Но знам дека ти и слугите твои уште нема да се уплашите од Господа." |
31. | И така пропадна ленот и јачменот, зашто јачменот беше искласал, а ленот - факаше семе. |
32. | А пченицата и ‘ржта не пропаднаа, бидејки беа доцни жита. |
33. | И Мојсеј излезе од кај Фараонот надвор од градот, ги издигна рацете свои кон Господа - престанаа громовите и градот, и град и дожд не паднаа веке на земјата. |
34. | Но Фараонот, откако виде дека престана дождот, градот и громовите, продолжи пак да греши, и закорави срцето негово и на слугите негови. |
35. | Се ожесточи срцето Фараоново и на слугите негови, и тој пак не ги пушти синовите Израилеви, као што му беше рекол Господ преку Мојсеја. |
← Exodus (9/40) → |