← Exodus (8/40) → |
1. | Потоа Господ пак му рече на Мојсеја: "Оди при Фараонот, и речи му - вака вели Господ: ‘Пушти го народот Мој, да му изврши служба.‘ |
2. | А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ке ја поразам целата земја твоја со жаби; |
3. | и реката ке се исполни со многу жаби, и тие ке излезат и ке влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куката на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноквите твои; |
4. | а врз тебе ке скокаат жаби и врз народот твој и врз слугите твои." |
5. | И му рече Господ на Мојсеја: "Кажи му на Арона, братот твој: ‘Пружи ја раката Твоја со стапот свој врз реките, врз изворите и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата Египетска." |
6. | И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата Египетска; |
7. | Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата Египетска. |
8. | Тогаш Фараонот ги повика Мојсеја и Арона и им рече: "Помолете Му се на Господа за мене, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ке го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа." |
9. | А Мојсеј му рече на Фараонот: "Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од народот твој и од куките ваши, а само во реката да останат." |
10. | И определи: "Утре". А Мојсеј рече: "Нека биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг освен Господа, нашиот Бог. |
11. | Kе отидат жабите од тебе, од куките ваши, од дворовите на слугите твои и од народот твој; само во реката ке останат." |
12. | Потоа Мојсеј и Арон излегоа од кај Фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господа за разграничување на жабите, како што беше се договорил со Фараонот. |
13. | И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куките, по дворовите и по нивите нивни. |
14. | И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде. |
15. | А кога Фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ. |
16. | Тогаш Господ му рече на Мојсеја - "Кажи му на Арона: ‘Пружи го со рака стапот свој, и удри по правот на земјата -‘ и ке се појават мушички по целата земја Египетска." |
17. | Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по лу ето и по доборокот, сиот песок на земјата се претвори во мушички по целата земја Египетска. |
18. | Сеобидоа и вражачите египетски со вражањето свое да призведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по лу ето и по добитокот. |
19. | И му рекоа вражачите на Фараонот: "Ова е знак Божји!" Но срцето на Фаронотпак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ. |
20. | И му рече Господ на Мојсеја: "Стани утре и застани пред Фараонот. Тогаш тој ке излезе кај реката, па кажи му: ‘Вака вели Господ: Пушти го народот Мој, да Ми послужи.‘ |
21. | А ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, Јас ке пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите ваши бубачки, и ке се исполнат со бубачки куките египетски, и земјата на која се. |
22. | А во оној ден ке ја одделам земјата Гесем, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш, дека Јас сум Господ Бог на целата земја. |
23. | И ке направам разлика ме у народот Мој и народот твој. Утре ке го има тој знак на земјата." |
24. | И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куките Фараонови, во куките на слугите негови и во целата земја Египетска, така што се сотре земјата од бубачките. |
25. | Фараонот ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Отидете, принесете Му жртва на вашиот Господ Бог во оваа земја!" |
26. | Но Мојсеј рече: "Не е можно така да биде, зашто принесувањеот жртва на Господа, нашиот Бог, е нечисто за Египтјаните, пред нивните очи, тие нема ли да не‘ убијат со камења? |
27. | Три дена пат ке одиме во пустињата, па да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог, како што ни рече нашиот Господ." |
28. | И одговори Фараонот: "Kе ве пуштам да Му принесете жртва на Господа, вашиот Бог, во пустињата; но не одете подалеку, и помолете се на Господа и за мене!" |
29. | А Мојсеј рече: "Еве, јас одам од тебе и ке Му се помолам на Господа Бога, и бубачките утре ке исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, Фараоне, да не‘ мамиш, не пуштајки го народот да Му принесе жртва на Господа. |
30. | И отиде Мојсеј од Фараонот, и Му се помоли на Господа. |
31. | И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од Фараонот, и од слугите негови, и од народот; и не остана ниедна. |
32. | Но пак зарврдна срцето Фараоново, и пак не го пушти народот. |
← Exodus (8/40) → |