← Exodus (6/40) → |
1. | А Господ Бог му рече на Мојсеја: "Еве, ке видиш што ке му направам на Фараонот; со рака силна ке ги пушти; под дејство на рака цврста дури ке ги истера од земјата своја." |
2. | И уште му зборуваше Бог на Мојсеја, па му рече: "Јас сум Господ. |
3. | Јас му се јавив на Аврама и Исака и Јакова како "Семокен Бог", а со името Мое како "Господ" не сум им се открил. |
4. | И направив завет Свој со нив, дека ке им ја дадам земјата Хананска: земја, во која беа ти придојдени, и во која живееја како ту инци. |
5. | Ги чув воздишките на синовите Израилеви, кои Египтјаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој. |
6. | Затоа, појди и кажи им на синовите Израилеви, велејки: "Јас сум Господ, ке ве изведам од египетското насилство, ке ве избавам од ропството нивно, ке ве спасам вас удирајки со силна рака и со суд голем. |
7. | Kе ве земам за свој народ, ке ви бидам Бог, па ке познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ке ве изведе од Египетската земја. |
8. | И ке ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ке му ја дадам на Авраама, на Исака и на Јакова; и ке ви ја дадам вам во наследство. Јас Господ!" |
9. | Мојсеј им го кажа тоа на синовите Израилеви, но тие не го послушаа Мојсеја од малодушност и поради тешките работи. |
10. | Тогаш Господ пак му рече на Мојсеја, велејки: |
11. | "Влези, кажи му на Фараонот, царот египетски, да ги пушти синовите Израилеви од земјата своја." |
12. | А Мојсеј проговори пред Господа и рече: "Ете, синовите Израилеви не ме послушаа, а како ке ме послуша Фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето." |
13. | Но Господ им зборуваше на Мојсеја и Арона, и ги задолжи да одат кај синовите Израилеви и кај Фараонот, за да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска. |
14. | Ова се старешините на нивните домови: синовите на Рувима, провородениот син Израилев: Енох и Фалус, Асрон и Харми; тоа е племето Рувимово. |
15. | А синовите Симеонови се: Јемуил, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на една Хананејка; тоа е племето Сименово. |
16. | А еве ги имињата на синовите Левиеви, според сродствата нивни: Гирсон, Каат и Мерари. А Левиј поживе сто и триесет и седум години. |
17. | Синови, пак, Гирсонови беа: Ловениј и Семеј со семејствата нивни. |
18. | Синови Каатови: Амрам и Исар, Хеврон и Озил. А годините на Катовиот живот беа сто и триесет и три. |
19. | А синовите Мерариеви се: Молиј и Мусиј. Тоа се семејствата на Левиј според сродствата нивни. |
20. | Амрам се ожени со Јохаведа, братучетката своја, и таа му ги роди Арона и Мојсеја и Маријам, сестрата нивна. Амрам поживе сто триесет и седум години. |
21. | Синови, пак, Исарови беа: Кореј, Нафек и Зехриј. |
22. | Синовите Озилови се: Мисаил, Елисафан и Сегриј. |
23. | А Арон ја зеде за жена Елисавета, керката Аминадавова, сестра Насонова; и таа му ги роди Надава и Авиуда, Елеазара и Ирамара. |
24. | Синови Корееве беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа е потомството Кореево. |
25. | И Елеазар, синот Аронов, се ожени со една од керките Футилови, и таа му го роди Финеса. Тоа се старешините на Левиевото племе, според нивните семејства. |
26. | А Арон и Мојсеј, тоа се оние, на кои Господ им рече да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египетска, си силата на дружините нивни! |
27. | Овие се оние, кои му зборуваа на Фаранонот, царот египетски, за да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египеска; тоа се Арон и Мојсеј. |
28. | Во оној ден, кога Господ му говореше на Мојсеја во земјата Египетска, |
29. | и му рече Господ на Мојсеја, велејки: "Јас сум Господ. Кажи му го на Фараонот, царот египетски, се‘ она што Јас ти го реков!" |
30. | А Мојсеј рече пред Господа: "Еве, недоброречив сум, па како ке ме послуша Фараонот?" |
← Exodus (6/40) → |