← Exodus (40/40) |
1. | И му рече Господ на Мојсеја велејки: |
2. | "Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на сведоштвото, |
3. | потоа постави го таму ковчегот на откровението и засолни го со завесата; |
4. | внеси ја трпезата, и постави се‘ што треба да се намести на неа; внеси го и свекникот, а стави ги и кандилцата на него; |
5. | постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на откровението; и закачи завеса пред влезот во скинијата на сведоштвото. |
6. | Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици, а постави го и пред влезот во скинијата на сведоштвото; |
7. | стави го мијалникот ме у скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеј вода во него; |
8. | огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот; |
9. | па земи елеј за помазание, и помажи ја скинијата и се‘ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ке биде света. |
10. | Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ке стане пресвет. |
11. | Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го. |
12. | Потоа доведи го пред влезот од скинијата на сведоштвото Арона и синовите негови и измиј ги со вода; |
13. | облечи го Арона во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми принесува жртви. |
14. | Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони, |
15. | и по0ажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми принесуваат жртви; и помазанието нивно ке ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија." |
16. | И направи Мојсеј се‘, како што му заповеда Господ, така направи. |
17. | Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата. |
18. | Мојсеј ја подигна скинијата: ги исправи диреците, ги провлече напречниците, и ги исправи столбовите; |
19. | па ги распна платништата над скинијата, а над неа ги ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
20. | И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави очистилиштето одозгора над ковчегот. |
21. | Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завестата, та го засолни ковчегот на откровението, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
22. | И ја постави трпезата во скинијата на сведоштвото од северната страна на скинијата, пред завесата; |
23. | потоа постави на неа лебови за предложение пред Господа, како што му беше заопведал Господ на Мојсеја. |
24. | Го намести свекникот во скинијата на сведоштвото спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, |
25. | а ги постави и кандилцата пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
26. | Го постави златниот жртвеник во скинијата на сведоштвото пред завесата, |
27. | и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
28. | Ја закачи завесата пред влезот во скинијата; |
29. | потоа го постави и жртвеникот за жртви приносници при влезот во скинијата на сведоштвото, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
30. | Го намести и мијалникот ме у скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеа во него вода за миење; |
31. | и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги измија рацете свои и нозете свои; |
32. | а ги миеја кога влегуваа во скинијата на сведоштвото и кога пристапуваа кон жртвеникот да служат, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
33. | Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа. |
34. | Тогаш облак ја покри скинијата на сведоштвото и се исполни скинијата со слава Господова; |
35. | и Мојсеј на можеше да влезе во скинијата на сведоштвото, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата. |
36. | И кога се креваше облакот од скинијата, тогаш поа аа синовите Израилеви на пат со својот имот; |
37. | а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поа аа се‘ до денот, кога ке се кренеше, |
38. | зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноке во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израилев, при сите нивни патувања. |
← Exodus (40/40) |