← Exodus (4/40) → |
1. | Тогаш Мојсеј одговори и рече: "А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат - ‘Не ти се јавил Гопод?‘ - Што ке им речам?" |
2. | А господ му рече: "Што ти е тоа во раката?" А тој одговори: "Стап." |
3. | И му рече: "Фрли го на земја!" И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа. |
4. | А Господ му рече на Мојсеја: "Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката." И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова. |
5. | "Така ке поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов." |
6. | И пак му рече Господ: "Стави ја сега раката свој во пазувата своја!" И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег. |
7. | И пак му рече Господ: "Стави ја пак раката своја во пазувата своја!" И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово. |
8. | "Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ке ти поверуваат при вториот знак. |
9. | А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ке се претвори во крв на земјата." |
10. | А Мојсеј Му рече на Господа: "О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејки немам добра глас и тепкам, тешко зборувам." |
11. | А Господ му рече на Мојсеја: "Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог? |
12. | Па сега, оди, и Јас ке ти ја отворам устата твоја, и ке те научам, што ке зборуваш." |
13. | Но Мојсеј пак рече: "Те молам, Господи, избери друг, што ке го испратиш." |
14. | И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: "Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ке зборува наместо тебе; и еве тој ке те сретне, и, кога ке те види, ке се зарадува во себе. |
15. | Нему ке му кажеш и ке ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ке ти ја отворам устата твоја и устата негова и ке ви покажам што да правите. |
16. | И тој место тебе ке му зборува на народот; и така тој ке ти биде тебе уста, а ти ке му бидеш нему место Бога. |
17. | А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ке правиш чуда." |
18. | Тогаш отиде Мојсеј и се врати при Јотора, тестот свој, и му рече: "Kе појдам и ке се вратам кај браката мои во Египет, да видам дали се уште живи." И му рече Јотор на Мојсеја: "Оди со здравје!" По оние многу денови умре царот египетски. |
19. | И му рече Господ на Мојсеја во земјата Мадијамска: "Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите, што ја бараа душата твоја." |
20. | Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и децата свои, и ги качи на осли, и се врати во Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја. |
21. | И му рече Господ на Мојсеја: "Кога ке отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов мок во рацете твои. А Јас, пак, ке го ожесточам срцето негови, да не го пушти народот. |
22. | А ти кажи му на Фараонот: ‘Вака вели Господ Бог еврејски: Израил е Мојот првороден син.‘ |
23. | ‘Ти реков да го пуштиш народот Мој да ми послужи. Ако одбиеш да го пуштиш, внимавај Јас ке ги убијам твојот првороден син.‘" |
24. | И кога патем нокеваше, го сретна Ангел Господов и сакаше да го убие. |
25. | Тогаш Сепфора зеде остар камен, и го обреза крајот од телото на својот син, и клекна пред нозете на Мојсеја и рече: "Ете ја крвта од обрезанието на мојот син!" |
26. | Тогаш Ангелот отиде од него; а таа рече: "Поради обрезанието застана крвта на синот мој." |
27. | А Господ му рече на Арона: "Излези во пуситњата и отиди да го сретнеш Мојсеја!" И отиде да го сретне на планината Божја, и се целиваа обајцата. |
28. | Мојсеј, пак, му ги кажа на Арона сите зборови Господови, Кој го испрати, и сите знаци, што му ги беше заповедал. |
29. | И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини и синовите Израилеви. |
30. | А Арон им ги кажа сите збороди, што му ги беше кажал Господ на Мојсеја, а Мојсеј ги изврши сите знаци пред народот. |
31. | Народот поверува и се израдуваа зашто Господ Бог ги посети синовите Израилеви и погледна на маката нивна, па паднаа на колена и се поклонија. |
← Exodus (4/40) → |