← Exodus (39/40) → |
1. | А од ткаенина сина, црвена и темноцрвена направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арона, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
2. | Направија ефод од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон; |
3. | извлекоа листови од злато, и исекоа жици, за да ги вткаат вешто во ткаенината сина, црвена и темноцрвена и во висоновите нишки; |
4. | му направија и нараменици што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја. |
5. | И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од вткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
6. | И изрезаа и камења смарагдови, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израилеви, како што се прават печати; |
7. | па ги ставија на нарамениците од ефодот, за спомен на синовите Израилеви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
8. | Направија и наградник, вешто изработен, од иста метерија како и ефодот: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон; |
9. | наградник направија: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк, двоен. |
10. | И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: сард, топаз и смарагд; |
11. | во вториот ред: антракс, сафир и јаспис; |
12. | во третиот ред: лигур, ахат и аметист; |
13. | во четвртиот ред: хрисолит, вирил и оникс; и тие беа опковани и обвиени во злато. |
14. | Камењата беа според бројот на имињата на синовите Израилеви: тие беа дванаесет, според бројот на нивните имиња, и на секој од нив беше изрежано како печат по едно име, за дванаесетте племиња. |
15. | И направија за наградникот веришки вити, плетени од чисто злато; |
16. | направија и две копченца златни и две алчиња златни, и ги ставија двете алчиња на двата краја од наградникот; |
17. | па ги закачија двете златни веришки за двете алчиња на краевите од наградникот, |
18. | а другите два краја од двете веришки ги закачија за двете копченца и ги прицврстија на нарамениците од ефодот од предната страна. |
19. | Направија уште две златни алчиња, и ги ставија на двата краја од наградникот, на внатрешниот раб, свртен спрема ефодот: |
20. | направија уште две златни алчиња, ги ставија на двата нарамника од ефодот, на неговиот преден крај одоздола, каде што се составува ефодот над појасот; |
21. | и така го врзаа наградникот со алчињата негови за алчињата од ефодот со врвка сина, плетена, за да стои одозгора над појасот од ефодот и да не се одделува наградникот од ефодот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
22. | а за ефодот направија и наметка, од сина ткаенина, |
23. | и прорез по средината на наметката како отвор, околку прорезот ширит шиен, за да не се реси. |
24. | По полите на подметката одоздола направија врвци од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и висон ткаен. |
25. | А направија и sвончиња од чисто злато, и ги закачија sвончињата на полите од наметката наоколу ме у прачките: |
26. | sвонче и јаболкце, sвонче и јаболкце наоколу по полите на наметката, за служба, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
27. | Потоа направија хитони од ткаен висон за Арона и за синовите негови; |
28. | и кидар од висон и митра од висон, и долна облека од ткаен висон, |
29. | и појас за нив од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
30. | И направија плочка, знак на светоста, од чисто злато, издлабија на неа писмо, како што се реже печат "Светост Господова". |
31. | И врзаа за неа сина врвка, за да се врзува на кидарот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
32. | И така се сврши целата работа околу скинијата, скинијата на сведоштвото. И направија синовите Израилеви се‘ како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така направија. |
33. | И ја донесот при Мојсеја скинијата, покривката и сите нејзини работи, кукичките, диреците, лостовите, столбовите и подножјата. |
34. | И покривката од кожи овнешки, црвени, и покривката од кожи фини и завесата за засолнување, |
35. | ковчегот на откровението со лостовите, и очистилиштето, |
36. | трпезата со сите нејзини принадлежности, и лебови за предложение, |
37. | свекникот од чисто злато со неговите кандилца, кандилцата веке наредени, и сите потреби негови, и елеј за светење, |
38. | жртвеникот златен, и елеј за помазание, кадиво мирисно, и завесата за влезот во скинијата, |
39. | жртвеникот од бакар и решетката од бакар за него, лостовите негови и сите принадлежности негови, мијалникот и подножјето негово, |
40. | завесите за дворот, столбовите за нив и подножјата нивни, и завесата за влезот во дворот, јажињата негови и колчињата негови, и сите потреби за служба во скинијата на сведоштвото; |
41. | одеждите богослужбени за служење во светилиштето, одеждите свети за свештеникот Арона и одеждите за синовите негови, за свештеничка служба. |
42. | Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така ги направија синовите Израилеви сите тие работи. |
43. | И ги погледа Мојсеј сите тие работи, и ете, тие ги беа направиле: како што беше заповедал Господ, така ги беа направиле. И ги благослови Мојсеј. |
← Exodus (39/40) → |