← Exodus (36/40) → |
1. | И направија Веселеил и Елијав и сите способни лу е, на кои им беше дадена мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, тоа се‘ како што беше заповедал Господ. |
2. | И ги повика Мојсеј Веселеила и Елијава и сите мудри лу е, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, што од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат. |
3. | И тие ги зедоа од Мојсеја сите дарови што ги беа принеле синовите Израилеви за потребите на светилиштето за да се изработат. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро. |
4. | Тогаш дојдоа сите вешти лу е, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, што сами ја вршеа, |
5. | па му рекоа на Мојсеја - "Народот принесува повеке отколку што е потребно за да се направи, како што заповеда Господ." |
6. | И Мојсеј разгласи во таборот, велејки: "Ни маж ни жена да не принесува ништо повеке како дар за светилиштето:" И народот престана да принесува, |
7. | зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше. |
8. | Тогаш сите вешти лу е, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од ткаенина со препредена пре а и од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; и на нив направија уметнички извезени херувими. |
9. | Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка. |
10. | И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго. |
11. | И направи сини петлици по рабовите на едното платниште, каде што ке се соединува со другото; такви направи тој и на работ на последното платниште, за да го соедини со другото. |
12. | Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга. |
13. | И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина. |
14. | Потоа направи платниште од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи: |
15. | едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мерка беа сите единаесет платништа. |
16. | Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно. |
17. | И направи педесет петлици по работ на едното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото; |
18. | а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави скинијата, та да стане целина. |
19. | Потоа направи покривка за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга - од сини кожи. |
20. | И направи диреци за скинијата од дрвото ситим, што ке стојат исправени; |
21. | секој дирек од по десет лакти долг, а лакот и половина широк; |
22. | секој дирек имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секој дирек за скинијата. |
23. | А вакви диреци за скинијата направи дваесет за јужната страна: |
24. | и направи четириесет подножја сребрени за под дваесетте диреци, по две подножја под секој дирек за двата клина негови, и по две подножја под другиот дирек за двата негови клина. |
25. | И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет диреци. |
26. | и четириесет сребрени подножја под нив, по две подножја под секој дирек за двата негови клина, и по две подножја под другиот дирек. |
27. | А за западната страна на скинијата направи шест диреци; |
28. | направи уште два дирека за аглите во скинијата од западната страна; |
29. | тие беа составени одоздола и составени одозгора со по една алка; така направи тој со обете страни на двата агли; |
30. | и така имаше осум диреци и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секој дирек. |
31. | Потоа направи напречници од дрвото ситим: пет за диреците од едната страна од скинијата, |
32. | и пет напречници за диреците од другата страна на скинијата, и пет напречници за диреците од западната страна на скинијата до обата агли. |
33. | А направи и средна напречница што ке иде преку средината на диреците од едниот до другиот крај; |
34. | диреците го опковаа со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напречниците, ги направи од злато, па и напречниците го опкова со злато. |
35. | Потоа направи завеса од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон и на неа направи херувими, уметнички извезени; |
36. | за неа направи и четири столба од дрвото ситим, и го опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро. |
37. | Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, уметнички исткаена, |
38. | и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и пет подножја од бакар. |
← Exodus (36/40) → |