← Exodus (35/40) → |
1. | Потоа го собра Мојсеј целото општество на синовите Израилеви, и им рече: "Еве што заповеда Господ да правите: |
2. | шест дена да се работи, и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа; секој што ке работи во тој ден, со смрт да се казни; |
3. | во ден саботен да не палите оган нигде во жилиштата ваши, Јас сум Господ." |
4. | И уште му рече Мојсеј на целото општество на синовите Израилеви: "Еве што заповеда Господ: |
5. | соберете поме у вас принос на Господа, секој што од срце дава, нека донесе принос, добороволно нека принесе принос на Господа; злато, сребро и бакар. |
6. | сина, црвена и темноцрвена ткаенина, двојно предена, висон ткаен и козина; |
7. | и кожи овнешки, црвени, кожи сини и дрво ситим; |
8. | масло за светење, и мириси за елеј за помазание и мирисно кадило; |
9. | и камен сардиски, и камења за украсување на ефодот и за наградникот. |
10. | И сите, кои се ме у вас мудри по срце, нека дојдат да направат се‘ што заповедал Господ: |
11. | Скинијата, завесите и покривот негов, кукичките негови и штиците, напречниците негови, столбовите негови и подножјата негови; |
12. | и ковчегот на сведоштвото, и столбовите негови, и завестата на дворот и столбот негов, и камењата смарагдови и мирис. |
13. | Трпезата и лостовите нејзини, и лебовите за принос; и жртвеникот и сите сосуди нејзини; |
14. | светилникот за осветление со приборот негов и кадилата негови, и масло за осветление; |
15. | и кадилниот жртвеник, и лостовите негови, и елеј за помазание, и кадило миризливо, и завесата на вратата од скинијата; |
16. | жртвеникот за сепаленици, и огништата негови од бакар, лостовите негови и сите сосуди за него, и мијалникот и подножјето негово. |
17. | Завесите за дворот, столбовите негови и подножјата нивни, и завесите од вратата на дворот; |
18. | ковчезите за скинијата, и колчињата за дворот со јажињата нивни; |
19. | одеждите свети за служба во светилиштето, и светите одежди на свештеникот Арон, и одеждите на синовите негови за свештеничка служба, и елејот за помазание и кадило миризливо." |
20. | Потоа целото општество на синовите Израилеви се повлече од Мојсеја. |
21. | И секој, кој принесе што му срце сакаше срцето го влечеше и душата го поттикнуваше, доа аше, носејки принос на Господа - учеството за градење на шаторот на садови, за секоја служба во него и за сите одежди на светилиштето; |
22. | доа аа мажи и жени; сите, што срцето ги влечеше, принесуваа печати, алчиња, обетки, прстења и веришки, секакви златни работи; секој, кој сакаше, принесуваше злато на Господа; |
23. | и секој, кој имаше сина, црвена и темноцрвена ткаенина и висон ткаен, кожи овнешки, црвени, и кожи сини, кожи козји принесуваа; |
24. | и секој, кој донесуваше сребро или туч, Му Го принесуваше како дар на Господа; и кој имаше дрво ситим, го принесуваше за секоја потреба. |
25. | А секоја жена, мудра и вешта во рачно предење со своите раце и принесуваа се‘ што ке испредеа - пре а сина, црвена и темноцрвена и препредена; |
26. | секоја пак, жена, што ке наумеше поради умешноста нејзина, предеше козина. |
27. | А старешините принесуваа камен оникс и камења за украсување на ефодот и на наградникот; |
28. | исто така и масло за осветление и мириси за елеј за помазание и за кадило мирисно! |
29. | И така синовите Израилеви - сите мажи и сите жени, што ке им дојдеше на ум да принесат што и да е за делото, што заповеда Господ преку Мојсеј да се направи, принесоа доброволен дар на Господа. |
30. | Тогаш им рече Мојсеј на синовите Израилеви: "Ете, Бог го повика по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино. |
31. | и го исполни со Дух Божји, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност да гради; |
32. | да обработува дрводелие, и да прави работи од злато, сребро и бакар; |
33. | да реже камења, да реже и обраборува дрво, и да прави секакви уметнички работи; |
34. | а вложи во неговото срце и во срцето на Елијава, синот Ахисамахов, од племето Даново, и способност да можат да учат и други. |
35. | Го обдари со умешност да вршат секаква резбарска работа, кројачка, везачка и ткајачка на сина, црвена и темноцрвена ткаенина и на висон, и да изведуваат секакви работи, во разни уметности. |
← Exodus (35/40) → |