← Exodus (32/40) → |
1. | А народот кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арона, и му рече: "Стани и направи ни богови што ке одат пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек - со Мојсеја, кој не‘ изведе од земјата Египетска. |
2. | Арон им рече: "Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени и керките ваши, и донесете ми ги!" |
3. | И сите ги извадија златните обетки, што им беа на ушите на жените нивни, и му ги донесоа на Арона. |
4. | А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: "Еве ги, Израиле, твоите богови, што те изведе од земјата Египетска." |
5. | А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: "Утре е празник на Господа." |
6. | Утредента, станувајки рано, принесе жртви сепаленици и жртва за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат. |
7. | И му рече Господ на Мојсеја: "Оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата Египетска, појде по пат на беззаконие. |
8. | Брзо се отклонија од патот, кој им го определи; си направија теле, и му се поклонија, па му принесоа жртви, и рекоа: ‘Ова се, Израиле, товите богови што те изведоа од земјата Египетска.‘ |
9. | И му рече Господ на Мојсеја: гледам дека оној народ е тврдоглав, но сега остави да се разгори гневот Мој против нив и да ги истребам; |
10. | а од тебе ке направам народ голем." |
11. | А Мојсеј, се помоли пред Господа Бога, и рече: "Зошто се разгорува, Господи, гневот Твој против народот Твој, кого го изведе од земјата Египетска со сила голема и рака цврста? |
12. | Зошто Египтјаните да зборуваат и да речат: ‘За зло ги изведе, за да ги убие по планините и да ги истребеи од земјата?‘ Нека се смири гневот Твој; и биди милостив поради злобата на народот Твој. |
13. | Сети се на Авраама, Исака и Јакова, слугите Твои, на кои им рече, велејки: ‘Kе го умножам и преумножам потомството ваше колку множеството sвезди на небото, и сета оваа земја, за која си рекол дека ке му ја дадеш на потомството ниво вечно да ја владеат.‘ |
14. | И Господ се смилува и не му направи зло на народот Свој, како што беше ветил. |
15. | Тогаш се врати Мојсеј, слегувајки од планините; во рацете му беа двете плочи на сведоштвото, испишани од двете страни: и на едната страна и на другата страна беше напишано. |
16. | Плочите беа дело Божјо, и писмото, писмо Божјо, врежано на плочите. |
17. | А Исус, кога го чу гласот на народот што викаше, му рече на Мојсеја: "Борбен повик е во таборот." |
18. | Но тој одговори: "Не е тоа вик на победници, ниту, пак, пискот на победени; туку слушам глас на пијани од вино." |
19. | А кога приближи до таборот и го виде телето и игрите, и се разгневи Мојсеј: па ги фрли од рацете свои обете плочи, и ги скрши во подножјето на планината. |
20. | Потоа ги зеде телето, што го беа направиле, и го изгори во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата, и им даде од неа да пијат синовите Израилеви. |
21. | И му рече Мојсеј на Арона: "Што ти направи овој народ, та го наведе на толку голем грев?" |
22. | А Арон му рече на Мојсеја: "Не гневи се, господару мој; ти знаеш за што е склон овој народ. |
23. | Тие ми рекоа: ‘Направи ни бог што ке оди пред нас; Мојсеј е човекот што не‘ изведе од Египет, но не знаеме што стана со него, со оној кој не‘ изведе од земјата Египетска.‘ |
24. | А јас им реков: ‘Кој има злато, нека го извади од себе.‘ И го извадија и го донесоа, а јас го фрлив во оган, и го излеав ова теле." |
25. | Кога виде Мојсеј дека тој народ станал необуздан - бидејки Арон беше допуштил да падне во распојасаност за радост на непријателите свои, |
26. | застана Мојсеј на вратата од таборот, и рече: "Кој е Господов, нека дојде при мене!" И се собраа кај него сите синови Левиеви. |
27. | И тој им рече: "Еве што вели Господ, Бог Израилев: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по таборот, па навратете од врата до врата, и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој. |
28. | И постапија синовите Левиеви според заповедта Мојсеева: и во тој ден изгина народ до три иљади души. |
29. | И Мојсеј им рече: "Денес Му ги посветивте рацете свои на Господа за служба: кој на синот свој, кој на братот свој, за да ви даде денес благослов." |
30. | А утредента му рече Мојсеј на народот: "Направивте голем грев; и сега ке појдам горе при Бога, за да молам да ви се прости вашиот грев. |
31. | И се врати Мојсеј при Господа, и рече: "Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато. |
32. | И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал." |
33. | А Господ му рече на Мојсеја: "Оној, што згрешил пред Мене, него ке го избришам од книгата Моја. |
34. | Но сега оди, слези и поведи го тој народ во местото, каде што ти реков. Еве, Мојот Авгел ке оди пред тебе, а кога ке ги посетам, на нив ке го навртам гревот нивен." |
35. | И го порази Господ народот, затоа што направеното теле го излеал Арон. |
← Exodus (32/40) → |