← Exodus (31/40) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја велејки: |
2. | "Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино; |
3. | и го исполнив преку Духот Божји, Кој му даде умешност, како и знаење да разбира од секакви работи, |
4. | да гради, да изработува со злато, сребро и бакар; и сина и црвена и темноцрвена волна - ткаени изработки и висон ткаен; |
5. | да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби. |
6. | И, ете, го дадов Елијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни лу е им дадов разум да се потврдат да направат се‘ како што ти заповедав: |
7. | Скинијата на сведоштвото, и ковчегот на заветот, и очистилиштето над него, и сите работи во скинијата и жртвеникот и трпезата со нејзините садови; |
8. | и трпезата, и светилникот од чисто злато со сите принадлежности негови, и кадилниот жртвеник; |
9. | жртвеникот за жртви сепаленици со сите потреби негови, и мијалникот и подножјето негово; |
10. | и одеждите на Арона за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ке ми свештенодејствуваат; |
11. | елејот за помазание, и кадивото благопријатно свет состав за светилиштето - се‘ нека направат така, како што ти заповедав." |
12. | И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
13. | "Кажи, заповедај им на синовите Израилеви: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак ме у Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува. |
14. | Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас. Кој ке ја оскверни, да се погуби; бидејки секој, кој ке врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој. |
15. | Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, одмор, свет на Господа; секој, кој ке работи во саботен ден, нека се предаде на смрт. |
16. | Затоа синовите Израилеви нека ги пазат саботите, празнувајки ги во родовите свои. |
17. | Тоа е знак ме у Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден се отпочина и се одмори." |
18. | И кога престана да зборува со Мојсеја на планината Синајска, му даде две плочи на сведоштвото, Божји. |
← Exodus (31/40) → |