← Exodus (3/40) → |
1. | Мојсеј го пасеше стадото на Јатора, тестот свој, свештеникот Мадијамски. Терајки го стадото така преку пустиња, дојде до планината Божја Хорив, |
2. | И му се јави Ангел Господеов во огнен пламен во капина. И виде тој, а тоа капината гори со оган, а не изгорува. |
3. | И Мојсеј рече: "Да појдам да го видам ова чудо, зашто капината не изгорува." |
4. | А кога виде Господ дека тој доа а да види, извика Господ од капината и рече: "Мојсеј, Мојсеј!" А тој одговори: "Еве ме, Господи!" |
5. | И Он рече: "Не прио ај ваму. Собуј ги овубките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја." |
6. | И му рече: "Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов." А Мојсеј го сврти лицето свое, зашто се плашеше да погледа во Бога. |
7. | И Господ му рече на Мојсеја: "Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од злото, што му го прават надзорниците. Сега ја знам маката негова. |
8. | Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во крајот на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Гергесејците и Јевусејците. |
9. | И еве, сега викотот на синовите Израилеви стигна веке до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египтјаните. |
10. | А сега појди - Јас те испракам кај Фараонот, царот египетски, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите Израилеви." |
11. | Мојсеј, пак, Му проговори на Бога: "Кој сум јас, та да одам кај Фараонот, царот египетски, и да ги изведам синовите Израилеви од земјата египетска?" |
12. | Му рече Бог на Мојсеја, велејки: "Kе бидам со тебе, и ова нека ти биде знак, дека Јас сум те испратил: Кога ке го изведеш народот Мој од Египет, помолете Му се на Бога на оваа планина." |
13. | А Мојсеј Му рече на Бога: "Еве, ке појдам кај синовите Израилеви и ке им речам: ‘Бог на татковците ваши ме испрака кај вас.‘ И ако тие ме прашаат: ‘како Му е името‘, што ке им речам тогаш?" |
14. | Бог му одговори на Мојсеја, велејки: "Јас сим Оној, Кој вечно постои!" Па продолжи: "Така ке им кажеш на синовите Израилеви: "Оној, Кој вечно постои, ме испрати кај вас." |
15. | И пак му рече Бог на Мојсеја: "Вака кажи им на синовите Израилеви: ‘Господ Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов ме испрати кај вас. Ете тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено.‘ |
16. | Оди и собери ги старешините Израилеви, и кажи им: ‘Господ, Бог на татковците ваши, ми се јави, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, и ми рече: ‘Ве посетив и видов што ви се прави во Египет.‘ |
17. | И реков уште: ‘Kе ве изведам од маките египетски во земјата Хананска, и Хетејска, и Аморејска, и Ферезејска, и Евејска, и Јевусејска, во земја каде што тече мед и млеко!‘ |
18. | И тие ке го послушаат гласот твој; а ке отидеш ти и старешините Израилеви кај Фараонот, царот египетски, и ке му речеш: ‘Господ, Бог на Евреите, не‘ повика да појдеме на три дена пат во пустињата, за да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог.‘ |
19. | А Јас знам дека Фараонот, царот египетски, нема да ви дозволи да излезете без силна рака. |
20. | Но ке ја пружам раката Своја, и ке ги поразам Египтјаните со сите Мои чудеса, што ке ги направам ме е нив; потоа ке ве пушти. |
21. | И ке му дадам милост на овој народ кај Египтјаните, така што, кога ке појдете, нема да појдете празни. |
22. | Туку секоја жена нека побара од сосетката своја и од пријателката своја сребрен и златен накит и облека; и ке ги украсите со нив синовите ваши и керките ваши, и така ке ги плените Египтјанките." |
← Exodus (3/40) → |