← Exodus (28/40) → |
1. | А ти земи го при себе Арона, братот твој, со синовите негови, за да Ми свештенодејствуваат; Арон и Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар - синовите Аронови. |
2. | И направи му свети одежди на Арона, братот твој, за чест и слава. |
3. | И кажи им на сите надарени со ум, кои сум ги исполнил со дух на премудрост и расудување, за да му направат на Арона одежди, со кои ке ми служи во светилиштето. |
4. | А ова се одеждите што треба да ги направат: наградник, ефод, наметка, везен хитон, кидар и појас. Нека направат свети одежди за Арона, и за синовите негови, во кои ке Ми свештенодејствуваат. |
5. | Затоа и овие нека земат злато и ткаенина сина, црвена и темноцрвена и висон; |
6. | па нека направат ефод од висон ткаен, изработка шарено ткаена. |
7. | На него два нараменика нека има, кои се врзуваат на двата краја, за да се држат заедно. |
8. | И ткаењето на ефодот, кој е одозгора, нека биде иста изработка: од злато, од ткаенина сина, црвена и темноцрвана и од висон. |
9. | И земи два камена смарагд, и изрежи ги на нив имињата на синовите Израилеви: |
10. | шесте имиња нивни на едниот камен, а другите шест имиња на вториот камен, според нивното племе; |
11. | со помошта на резбар, преку вешт каменорезец, кој длаби печати, ке ги изрежеш на тие два камена имињата на синовите Израилеви. |
12. | Тие два камена потоа стави ги на нарамениците од ефодот, како камења за сопмен на синовите Израилеви: и Арон нека ги носи имињата на синовите Израилеви пред Господа на обете рамења за нивни спомен. |
13. | Направи и две рамки од чисто злато, |
14. | потоа две веришки од чисто злато ишарани, направи ги со цветови, па закачи ги плетените веришки на рамките, од нараменикот нивни однапред. |
15. | И градник судиски направи, везен, направи го како по составот на ефодот: од злато, од ткаенина сина, црвена и темноцрвана и од висон ткаен направи го; |
16. | четириаголен да биде, двоен, педа долг и педа широк; |
17. | нареди по него во четири реда скапоцени камења. Во првиот ред: сад, топаз и смарагд, |
18. | во вториот ред: антракс, сафир и јаспис; |
19. | во третиот ред: лигур, ахат и аметист; |
20. | во четвртиот ред: хрисолит, јаспис и оникс. Опточи ги со злато, а нека бидат поставени во златни рамки, да бидат на својот ред. |
21. | Тие камења со имињата на синовите Израилеви треба да бидат дванаесет, според имињата нивни: нека бидат врежани како печат, со по едно име од бројот на дванаесетте племиња. |
22. | И на наградникот стави веришки вити, исплетени од чисто злато. |
23. | Направи и две алчиња златни за наградникот, и двете алчиња прицврсти ги за двата краја на наградникот, |
24. | па провлечи ги двете златни веришки низ двете алчиња за краевите од наградникот, |
25. | а другите два краја од двете веришки закачи ги за двете копчиња и стави ги на нарамениците од ефодот, од предната страна. |
26. | Направи и уште други две алчиња златни, па стави ги на другите два краја од наградникот, од крај в крај на ефодот назад, одвнатре, |
27. | а направи и две златни алчиња, и прицврсти ги за двата нараменика на ефодот, одоздола, од неговата предна страна, каде што се соединува, над појасот. |
28. | Потоа алчињата на наградникот нека се врзат за алчињата на ефодот со сина врвка плетена од волна, та да не се одделува наградникот од ефодот. |
29. | А Арон нека ги носи имињата на синовите Израилеви преку наградникот судиски над срцето свое кога ке влагува во светилиштето, за спомен пред Бога. |
30. | А во наградникот судиски стави ги Урим и Тумим; и тие ке бидат на градите Аронови, кога влегува пред Госдпода; а Арон секогаш ке го носи над градите свои судот на синовите Израилеви пред Господа. |
31. | Направи и наметка за ефодот, целата сина; |
32. | одозгора во средината нека има прорез за главата; и нека биде работ на прорезот наоколу опшиен со ширит ткаен, така што наметката да не се реси; |
33. | и по полите нејзини направи топченца од сина, црвена и темноцрвана ткаенина, и темен висон наоколку, а ме у нив и златни sвончиња: |
34. | sвонче златно па топче, sвонче златно па топче по полите на наметката насекаде наоколу. |
35. | Неа ке ја носи Арон, кога ке служи, за да се слуша гласот од неа кога ке влегува во светилиштето пред лицето на Господа, а и кога излегува, та да не умре. |
36. | А направи и плочка од чисто злато, и на неа изрежи како на печат "Светиња Господова", |
37. | и да ја поставиш на сина ткаенина за кидарот, да стои од предната страна на кидарот; |
38. | да биде на челото Ароново, та Арон на себе да ги презема гревовите на приносите, што ги посветуваат синовите Израилеви од сите дарови, што му се принесуваат тие; и така, таа нека биде секогаш на Ароновото чело, за да бидат тие секогаш примени од Господа. |
39. | Направи и хитон од висон, и кидар од висон; а појасот направи го везен. |
40. | И на синовите Аронови направи им хитони, направи и кидари, и превивки за главата направи им, за чест и слава. |
41. | Во тоа облечи го Арона, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници. |
42. | А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата, нека биде, |
43. | и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата на сведоштвото, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев и не умрат. Тоа е вечен закон за него и за потомството негово по него." |
← Exodus (28/40) → |