← Exodus (27/40) → |
1. | Направи и жртвеник од дрвото ситим - пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жртвеникот и три лакти висок. |
2. | А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да излегуваат од него; и опковај ги со бронза. |
3. | Потоа направи венец на жртвеникот, покров и чаши за темел и кадило; сите садови направи ги од бакар. |
4. | И направи му огниште од бакар во вид на мрежа, а на огништето од страните четири агли, направи и четири алки од бакар; |
5. | и стави ги под огништето на жртвеникот, за да зафака огништето до средината на жртвеникот. |
6. | Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото ситим, и обви ги со бакар; |
7. | лостовите да се провлечат низ алките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи. |
8. | Празен ке го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше покажано на гората, така да го направиш. |
9. | Направи и двор на скинијата. На јужната страна направи завеси од ткаенина, и од висон, сто лакти во должина од едната страна; |
10. | а за двесетте нивни столбови и подножја од бакар - дваесет; кукичките за нивните столбови и врвовите нивни да бидат сребрени. |
11. | Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја до бакар; кукичките нивни и врвовите на столбовите и подножјата нивни посребрени со сребро. |
12. | А и по ширина на дворот што е од кај морето да има зевеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив. |
13. | А на предната страна, кон исток, дворот треба да има завеси, од педесет лакти - со столбови десет и нивни подножја десет. |
14. | Од петнаесет лакти во висина нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив; |
15. | и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, во висина со три столба за нив и три подножја под нив; |
16. | А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти во висина, од сина, црвена и темноцрвана ткаенина и со ткаен висон ишарана; и четири столба за неа, со четири подножја под нив. |
17. | Сите столбови за тремот наоколу треба да бидат опковани со сребро; и врвовите нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар. |
18. | Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти; ткаенина од висон, а подножјето од бакар. |
19. | Сите направи и сите орудија во скинијата за општа употреба и сите негови колчиња, и сите колчиња на дворот да се од бакар. |
20. | И заповедај им на синовите Израилеви да ти донесат елеј, маслинов, за горење, без талог, чист, да гори за светење, за да гори секогаш. |
21. | Ве скинијата на сведоштвото пред завесата, која е над ковчегот на откровението, Арон и синовите негови нека го палат, да гори пред Господа од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите Израилеви." |
← Exodus (27/40) → |