← Exodus (26/40) → |
1. | "Направи и скинија од десет платништа: од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими - извезена изработка. |
2. | Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секе платниште - четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа. |
3. | Петте платништа нека се придржуваат едно со друго, а петте други платништа нека се држат едно со друго. |
4. | И направи сини врвки по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ке се соединуваа двете половини; |
5. | педесет врвки направи на едно платниште, и песедет врвки направи по работ на другото платниште, каде што ке се соединуваат со следното; да бидат едни спроти други, за да можат да се врзуваат. |
6. | Направи и педесет кукучки од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другито; и така скинијата ке биде целосна. |
7. | Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи. |
8. | Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко секои платниште, четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа. |
9. | И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште кон влезот во скинијата свиткај го вудве. |
10. | Направи и педесет врвки по работ на крајот од едното платниште, каде што ке се соединат, и педесет кукички по работ на крајот од второто платниште, каде што ке се соединуваат. |
11. | И направи кукички педесет од бакар и состави ги кукичките со врвките, па соедини ги платништата, за да биде целина. |
12. | А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна; |
13. | остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата - лакот од едната страна и лакот од другата страна - нека бидат спуштени од страните на скинијата - од едната и од другата страна, за да ја покриват. |
14. | И направи покрив над скинијата од кожи овнешки, црвено обоени, како и покривала од сини кожи - одозгора. |
15. | Направи и столбови за скинијата од дрвото ситим: |
16. | десет лакти нака биде долг секој столб, а лакот и половина широк еден столб; |
17. | на секој столб нека има по два клина - еден спроти друг; така направи на секој столб за скинијата. |
18. | Така направи столбови за скинијата: дваесет столбови од страната што е на југ, |
19. | а под дваесетте столбови направи четириесет подножја од сребро: две подножја на еден столб за обата краја негови, и две подножја под другиот столб за обата краја негови; |
20. | и дваесет столбови за другата страна на скинијата, од север, |
21. | со четириесет подножја сребрени: две подножја на еден столб и две подножја под друг столб. |
22. | А од задната страна на скинијата - што е од кај морето, направи шест столбови. |
23. | И направи два столба за аглите на скинијата од задната страна; |
24. | тие да бидат одоздола, а одозгора да се соединуваат со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла; |
25. | и така ке има осум столба со шеснаесет подножја сребрени: по две подножја под еден столб, и по две подножја под друг столб - на обата краја негови. |
26. | Понатаму направи напречници од дрвото ситим, пет напречни столбови од едната страна на скинијата, |
27. | и пет напречници на столбот од другата страна на скинијата, и пет напречници на столбот од задната страна на скинијата, што е кон морето; |
28. | а средниот напречник да минува преку средината на столбот, од едниот крај до другиот. |
29. | Столбовите позлати ги со злато, а и алките за нив направи ги со злато, во кои ке со провлекуваат напречниците; па и напречниците да ги позлатиш со злато. |
30. | Така ке ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината. |
31. | И направи завеса од сина, црвена и од темноцрвена ткаенина и ткаен висон, и на неа нека има уметнички извезени херувими. |
32. | И закачи ја на четирите столба од дрвото ситим, опковани со злато, нивните врвови златни, а нивните подножја - сребрени. |
33. | Потоа обеси ја зевесата на кукички, и обеси ја така таму завесата до ковчегот на сведоштвото, и завесата ке го одделува светилиштето од свјатаја свјатих. |
34. | И со завеса покриј го ковчекот на сведоштвото во свјатаја свјатих. |
35. | Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна. |
36. | И направи завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон. |
37. | За таа завеса ке направиш пет столбови од дрвото ситим, опковани со злато и со врвови златни; па ке им излиеш за нив и пет подножја од бронза. |
← Exodus (26/40) → |