← Exodus (25/40) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилви да Ми соберат прилог: земете прилог кој од драго срце Ми дава. |
3. | А прилогот што ке го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар; |
4. | пре а сина, црвена и темноцрвена како вткаен висон и козина; |
5. | и убави кожи овнешки црвени, кожи сини и дрво ситим; |
6. | масло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило; |
7. | камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот. |
8. | Да Ми направите светилиште, од каде што ке ви се јавувам вам. |
9. | Се‘, како што ке ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите нејзини сосуди - така да направат. |
10. | Направи ковчег на сведоштвото од дрвото ситим, во должина од два лакта и пол, а во ширина на еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот; |
11. | и позлати го со чисто злато: позлати го одвнатре и однадвор; направи му златен венец околу врвот; |
12. | и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови страни: две алки од едната страна и две алки од другата страна. |
13. | Направи од дрвото ситим лостови, позлати ги со чисто злато, |
14. | и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот; |
15. | лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив. |
16. | А во ковчегот положи ги сведоштвата, што ке ти ги дадам. |
17. | Направи исто така и очистилиште - поклопец од чисто злато, долго два лакта и пол, а широко еден и пол лакот. |
18. | И направи два херувима од злато, леани направи ги и постави на двата краја од поклопецот; |
19. | да се направат херувими: еден од една страна, а втор од друга страна на поклопецот; направи два херувима на обете страни; |
20. | херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат поклопецот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон очистилиштето. |
21. | И стави го поклопецот одозгора над ковчегот, а во ковчегот положи ги сведоштвата, што ке ти ги дадам Јас: |
22. | и тука, над поклопецот, ме у двата херувима, кои ке бидат над ковчегот на сведоштвото, ке ти се јавувам тебе и отаде ке ти зборувам тебе и за се‘ ке им заповедам преку тебе на синовите Израилеви. |
23. | Направи и трпеза од дрвото ситим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да и‘ е лакот и половина. |
24. | И позлати ја со чисто злато, а направи и златен венец наоколу: |
25. | и направи пораб и на венецот наоколу исто; |
26. | а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на четирите страни од нејзините четири нозе, под венецот; |
27. | на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува; |
28. | направи ги лостовите од дрвото ситим и позлати ги со чисто злато; и со нив ке се крева трпезата. |
29. | Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ке се врши преливање; а ке ги направиш од чисто злато. |
30. | На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене. |
31. | И направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде излеан; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови - и сите тие на него нека бидат; |
32. | шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот; |
33. | три чашки во облик на оревче, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот, |
34. | а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на орев, јаболкца и цветови; |
35. | едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче од другите две гранки, така нека има шест гранки што излегуваат од светилникот, и на светилникот четири чашки во вид на орев. |
36. | Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде излеан од чисто злато. |
37. | И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна; |
38. | а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато направени; |
39. | од талат чисто злато да ги направиш сите тие сосуди. |
40. | И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината." |
← Exodus (25/40) → |