← Exodus (24/40) → |
1. | И му рече Бог на Мојсеја: "Качи се при Господа ти и Арон, Надав и Авиуд и седумдесетте старешини Израилеви и поклонете Му се оддалеку на Господа; |
2. | и да пристапи Мојсеј сам до Господа, но тие, пак, да не пристапуваат, и народот со нив да не се искачува." |
3. | Дојде Мојсеј и му ги повтори на народот сите зборови Божји и сите заповеди. И сиот народ одговори во еден глас, и рече: "Сите зборови што ги кажал Господ ке ги помниме и ке слушаме." |
4. | И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови, па станувајки утредента рано, подигна жртвеник под гората, и дванаесет столбови за дванааесетте Израилеви племиња, |
5. | и прати младичи од синовите Израилеви, и тие принесоа жртви сепаленици и жртви мирни на Господа Бога. |
6. | Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот; |
7. | па ја зеде книгата на заветот и му ја причита гласно на народот, а тие рекоа: "Се‘, што рекол Господ, ке правиме и ке бидеме послушни." |
8. | Тогаш Мојсеј ја зеде крвта, и го попрска со неа народот, велејки: "Ова е крвта на заветот, кој го постави Господ со вас за сите оние зборови." |
9. | И се искачија потоа Мојсеј и Арон, Надав и Авиуд, и седумдесетте старешини Израилеви горе |
10. | и го видоа местото каде што стоеше Бог Израилев; а подножјето Негово како да беше од Камен сафир, со сјај како сводот небески по чистота. |
11. | И не се повреди никој од избраните ме у синовите Израилеви: тие Го видоа местото на Бога, па јадеа и пиеја. |
12. | И му рече Господ на Мојсеја: "Качи се при Мене на гората и остани тука; ке ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон." |
13. | Тогаш стана Мојсеј со Исуса, неговиот помошник, и се искачија на гората Божја, |
14. | а на старешините им рекоа: "Почекајте тука во молчење додека се вратиме при вас; а, ете, Арон и Ор се со нас, па, ако има некој нешто за судење, нека оди при нив." |
15. | И се искачи Мојсеј на гората, а облак ја покри планината, |
16. | и беше слава Господова на гората Синајска; и облак ја покриваше шест дена; а во седмиот ден го повика Мојсеја пред облакот. |
17. | А славата Господова се гледаше како оган што гори на врвот од гората пред синовите Израилеви. |
18. | И Мојсеј влезе среде облакот и се качи на гората; и остана таму Мојсеј четириесет дена и четириесет ноки. |
← Exodus (24/40) → |