← Exodus (23/40) → |
1. | Не примај лажни изјави; не мешај се со неправедни, за да сведочиш криво. |
2. | Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата, поведувајки се по мнозинството. |
3. | На сиромавиот со неговиот спор не гледај што е сиромав. |
4. | Ако сретнеш вол на непријателот, или осел заскитен, одведи го кај него. |
5. | Ако видиш дека на непријателот твој му паднал оселот под товарот негов, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него. |
6. | Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој во спорот негов. |
7. | Оддалечувај се од неправдата и не убивај невин праведен, бидејки Јас нема да го оправдам беззаконикот. |
8. | Не земај подароци, зашто подароците ги заслепуваат очите на оние што гледаат и ги извртуваат делата на праведните. |
9. | Не навредувајте и не вознемирувајте придојден: вие знаете каква му е душата на придојдениот, оти и самите бевте придојдени во земјата Египетска. |
10. | Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини, |
11. | а седмата - остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ке остане по нив, нека се хранат sверовите полски; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој. |
12. | Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и ослето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот. |
13. | Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на ту ите богови; ова да не се чуе од устата ваша. |
14. | Трипати годишно прославувај Ме со празник: |
15. | пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното време во месецот Авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен; |
16. | и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на брањето плодови на крајот од секоја година кога го собираш трудот свој од нивните твои. |
17. | Трипати преку годината сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господа, твојот Бог. |
18. | Крвта од жртвата Моја да не се излива врз леб, и месото од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина, кога ке ги истераш незнабошците од пред тебе и ги прошириш пределите свои. |
19. | Првите плодови од жетвата на земјата твоја принесувај ги во домот на Господа, твојот Бог. Немој да вариш јагне во млеко од мајката негова. |
20. | Еве, Јас го пракам пред тебе Ангелот Мој, за да те пази по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил. |
21. | Пази се и послушај Го и не противи Му се, оти и Он нема да ви го прости гревот, бидејки името Мое е во Него. |
22. | Ако го послушаш гласот Мој и извршуваш се‘ што ке ти заповедам, и го пазиш заветот Мој, ке Ми бидете избран народ ме у сите народи; Моја е целата земја, а вие ке Ми бидете царско свештенство и народ свет. Овие зборови да им ги кажеш на синовите Левиеви, свештениците; и ако го послушате гласот Мој, и ако го извршувате се‘ она што ке ви речам, ке им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои. |
23. | Кога Ангелот Мој ке појде пред тебе и те одведе во земјата на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Хананејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците, и Јас ке ги истребам пред лицето ваше. |
24. | Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку урни ги ликовите нивни уништи ги. |
25. | Служи Му на Господа, твојот Бог, па ке го благословам лебот твој, и виното твое, и водата твоја; и ке отстранам од вас секакви болести. |
26. | Бездетни и неплодни нема да има во земјата твоја; а ке направам бројот на деновите твои да бидат полни. |
27. | И ке го пуштам ужасот Мој што те води, и ке го уплашам секој народ, на кој ке наидеш, и ке ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. |
28. | Kе пратам пред тебе и стршлени, и ке ги изгонам Аморејците, Евејците, Хананејците, Јевусејците и Хетејците. |
29. | Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и sверовите полски да не се размножат против тебе. |
30. | Малку по малку ке ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата. |
31. | И ке ти ја поставам границата твоја од Црвеното до Филистејското Море, и од пустињата до големата река Ефрат, и ке ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, за да ги истераш пред тебе. |
32. | Не мешај се со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет. |
33. | Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тие ке ти бидат соблазан за тебе." |
← Exodus (23/40) → |