← Exodus (22/40) → |
1. | Ако некој украде јунец или овца и ја заколе, или ја продаде, да даде пет јунци за еден јунец и четири овци за една овца. |
2. | Ако се фати крадец, како поткопува и ранет умре, тоа не се смета за убиство. |
3. | Но, ако сонцето веке се појавило над него, виновен е за крв. И крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој треба да биде продаден за својата кражба. |
4. | Ако кај фатениот се најде она, што го украл, во неговата рака живо, било осел или овца, да го врати двојно. |
5. | Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајки го добитокот свој да пасе во ту а нива, да ја надомести штетата за целата нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје според плодот од својата нива; ако ја уништи. |
6. | Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запали гумното, или класјето или нивата, оттогаш оној, кој го предизвикал пожарот, да плати. |
7. | Кога некој му даде на ближниот свои пари или предмети на чување, и тие бидат украдени од домот негов, крадецот, ако се фати, ке плати двојно; |
8. | во случај, пак, крадецот да не се фати, тогаш сопственикот на куката нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на ближнито свој. |
9. | За секоја изречена неправда: за јунец, осел, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој рече дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ке го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно. |
10. | Ако некој му даде на чување на ближниот свој осел, или јунец, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или загине, или, пак, биде запленет, а никој да не го види, |
11. | тогаш ме у нив нека одлучи клетвата пред Господа, дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен, и ако сопственикот така го прими, не се надоместува; |
12. | ако, пак, му биде украден, тогаш нека му плати на сопственикот негов. |
13. | А ако е изеден од sверка, да донесе доказ за тоа и да не плака ништо. |
14. | Ако некој од ближниот свој добие на услуга - живинче, па тоа загине или пцовиса, или биде загинато, а сопственикот не бил со него, ке мора да се плати; |
15. | но, ако сопственикот биде со него, да не се плака. Ако бил момок, да го плати само наемот. |
16. | Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја заме за жена; |
17. | а ако таткото нејзин одбие и не сака да му ја даде, да одмери сребро на татка и‘ колку што следува за мираз на девојката. |
18. | Вражачи да не оставате живи. |
19. | Кој ке згреши со добитокот, со смрт да се казни. |
20. | Кој принесува жртви на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби. |
21. | На придојден немој да му правиш неправда, ниту да го угнетуваш, зашто и вие бевте придојдени во земјата египетска. |
22. | Не навредувајте ни вдовици ни сираци; |
23. | ако ги навредиш и тие, негодувајки се обрнат кон Мене, ке го чујам повикот нивни, |
24. | и ке се распали гневот Мој, па со меч ке ве убијам, и жените ваши ке останат вдовици, и децата ваши - сираци. |
25. | Кога на заем ке дадеш пари на некој сиромашен брат што е при тебе, не присилувај го и не налижувај му лихва. |
26. | Ако земеш во залог облека од пријателот твој, врати му ја до зајдисонце; |
27. | оти таа му е покривка, таа му е едина облека на телото негово: со што ке спие? И кога ке повика кон Мене, Јас ке го чујам, бидејки сум милостив. |
28. | Немој да ги злоставуваш судиите, ни за старешините на твојот народ да не зборуваш лошо. |
29. | Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето; дај Ми ги првородените од синовите твои. |
30. | Така и со јунецот твој, и со овцата твоја, и со оселот твој; седум дена нека бидат при мајката своја, а во осмиот ден дај Ми ги Мене. |
31. | И ке Ми бидете свет народ. Затоа и месо од растргнато животно да не јадете; фрлај им го на кучињата." |
← Exodus (22/40) → |