| ← Exodus (2/40) → |
| 1. | Еден човек од племето Левиево отиде и се ожени со една од керките Левиеви. |
| 2. | Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци. |
| 3. | Но, кога не можеше повеке да го крие, мајката зеде кошниче од трски; го облепи со смола и катран; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката. |
| 4. | А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ке стане со него. |
| 5. | Kерката, пак, Фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слугинки одеа покрај реката. И таа го забележа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе. |
| 6. | А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: "Ова е еврејско дете." |
| 7. | Тогаш сестрата негова и‘ рече на керката Фараонова: "Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?" |
| 8. | А керката Фараонова и‘ рече: "Оди!" И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето. |
| 9. | Kерката Фараонова и‘ рече: "Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ке ти платам." И го зеде жената детето и го доеше. |
| 10. | А кога детето порасна, го одведе кај керката Фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејки, "оти од вода го извадив." |
| 11. | По многу време, кога Мојсеј стана возрасен, отиде ме у браката свои, синовите Израилеви, и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египтјанин бие Евреин - еден од браката негови. |
| 12. | Се обsрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Египтјанинот и го закопа во песокта. |
| 13. | Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: "Зошто го биеш ближниот свој?" |
| 14. | А тој одговори: "Кој те постави тебе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот?" Тогаш Мојсеј се уплаши и рече: "Значи, се разбрало за ова?" |
| 15. | И Фараонот беше чул за ова, па сакаше да го погуби Мојсеја. Но Мојсеј избега од Фараонот и се насели во земјата Мадијамска. Кога дојде во земјата Мадијамска, седна крај еден извор. |
| 16. | А свештеникот Мадијамски, пак, имаше седум керки, кои ги пасеа овците на татка си Јотор. И тие дојдоа и почнаа да земаат вода додека не ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на таткото свој Јотор. |
| 17. | Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото. |
| 18. | И тие се вратија кај таткото свој Јотор, а тој ги праша: "Како толку бргу се вративте денес?" |
| 19. | Тие одговорија: "Еден Египтјанин не‘ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците наши." |
| 20. | А тој им рече на керките свои: "Па, каде е? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде леб!" |
| 21. | И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеја за жена керката своја Сепфора. |
| 22. | И таа зачна и роди син, и Мојсеј му стави име Гирсам, "бидејки сум - рече - придојден во ту а земја." И пак зачна и роди втор син, и му стави име Елиезер, велејки: "Бог на мојот татко ми е Помошник и ме избави од рацете Фараонови." |
| 23. | А по многу време умре царот египетски. А синовите Израилеви уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките работи дојде до Бога. |
| 24. | И бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова. |
| 25. | И погледна Бог на синовите Израилеви, и се смили над нив. |
| ← Exodus (2/40) → |