← Exodus (18/40) → |
1. | А Јотор, свештеникот медијамски, тестот Мојсеев, чу за се‘ што направи Господ за Израилот, народот Свој, како го изведе Господ Израилот од Египет. |
2. | И ја зеде Јотор, тестот Мојсеев, Сепфора, жената Мојсеева, која беше ја вратил, |
3. | и двата сина нејзини: на едниот името му беше Гирсам, оти Мојсеј велеше: "Придојден сум во земја ту а," |
4. | а на вротиот името му беше Елиезер, бидејки рече: "Бог на таткото мој ми се најде на помош и ме избави од рацете Фараонови." |
5. | И Јотор, тестот Мојсев, тргна со синовите негови и со жената негова при Мојсеја во пустињата, каде што се беше утаборил на планината Божја, |
6. | па го известија Мојсеја, велејки: "Ете, тестот твој Јотор, иде кај тебе, иде и жената твоја, и обата сина нејзини со неа." |
7. | И Мојсеј му излезе во пресрет на тестот свој и му се поклони, и го целива; па откако се поздравија еден со друг, го воведе Мојсеј под шаторот свој. |
8. | И му раскажа Мојсеј на тестот свој за се‘ што направи Господ со Фараонот и со сите Египтјани поради Израилците, и за сите тешкотии што ги снајдуваа патем, и како Господ ги избави од рацете Фараонови и од рацете египетски. |
9. | И се зарадува Јотор за сите добрини што му ги направи Господ на Израилот, спасувајки го од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови. |
10. | Тогаш Јотор рече: "Нека е благословен Господ, Кој ве избави од рацете на Египтјаните и од рацете Фараонови! |
11. | Сега знам дека е Господ поголем од сите богови, и тоа токму во она, со што тие се превознесуваат." |
12. | Потоа Јотор, тестот Мојсеев, Му принесе на Бога сепаленица и жртви. Тогаш дојде и Арон и сите старешини Израилеви, и јаде леб со тестот Мојсеев пред Бога. |
13. | А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеја од утрото до вечерта. |
14. | И Јотор, гледајки се‘ што прави со народот, рече: "Што правиш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои од утро до вечер?" |
15. | А Мојсеј му одговори на тестот свој: "Народот доа а при мене за да бара суд од Бога. |
16. | Кога ке им се случи некоја работа, тие доа аат при мене, и јас пресудувам поме у нив, а има ме у нив недоразбирања, и им ги кажувам наредбите Божји и Законот Негов." |
17. | Но тестот Мојсеев му рече: "Не е добро тоа, што го правиш ти. |
18. | Kе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; оти таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш. |
19. | Туку послушај ме сега и ке те посоветувам, и Бог ке биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога: |
20. | Учи ги на наредбите Божји и на законит Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат. |
21. | А ти од сиот народ одбери способни лу е, кои се плашат од Бога; лу е справедливи, кои мразат горделивост, па постави ги над нив како иљадници, стотници, педесетници, десетници и писари. |
22. | Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ке ти биде полесно и тие тебе ке ти помагаат. |
23. | Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ке можеш да истраеш, и сиот тој народ ке си оди мирно во своето место." |
24. | И го послуша Мојсеј тестот свој, и направи се‘, како што му рече. |
25. | И избра Мојсеј од сиот Израил лу е способни, па ги постави: иљадници, стотници, педесетници и десетници. |
26. | И тие му судеа на народот во секое време, а за тешките работи му кажуваа на Мојсеја; за сите мали работи, пак, судеа сами. |
27. | Потоа го ослободи Мојсеј тестот свој, и тој си отиде во земјата своја. |
← Exodus (18/40) → |