← Exodus (16/40) → |
1. | Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се нао а ме у Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од земјата Египетска. |
2. | И почна да се буни целата заедница на синовите Израилеви против Мојсеја и против Арона. |
3. | И им рекоа синовите Израилве: "О, да бевме умреле од раката Господова во земјата Египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Не‘ изведовте овде во оваа пустиња, за да го умрете целово ова множество со глад." |
4. | А Господ му рече на Мојсеја: "Еве, ке пуштам да па а леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го испитам ке постапува ли според законот Мој или не; |
5. | а во шестиот ден кога ке го зготват она, што го собрале, и тоа ке биде двојно од она, што го собираат секој ден." |
6. | Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот збор на синовите Израилеви: "Вечерва ке познааете дека Господ ве изведе од земјата Египетска, |
7. | а утре ке ја видите славата Господова; зашто Господ го чу негодувањето ваше против Бога. Што сме ние, та да се буните против нас?" |
8. | Потоа рече Мојсеј: "Вечерва Господ ке ве даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; оти го чу Господ повикот ваш, што го дигнавте против Него. Кои сме ние? Вашиот повик не е против нас, туку против Бога." |
9. | И му рече Мојсеј на Арона: "Кажи му на целото општество на синовите Израилеви - ,застанете пред Бога, зашто Он го чу повикот ваш." |
10. | И кога Арон му зборуваше на целото општество на синовите Израилеви, тие погледнаа кон пустињата, а тоа - славата Господова се појави во облак. |
11. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
12. | "Го чув негодувањето на синовите Израилеви. Кажи им и речи: ‘Вечерва ке јадете месо, а утре ке се наситите со леб, и ке познаете дека јас сум Господ, Бог ваш.‘" |
13. | Вечерта долетаа потполошки и го прекрија таборот; а утрината беше паднала роса околу таборот. |
14. | И, ете, кога се крена росата, а тоа - по пустињата лежи нешто ситно, како коријандер, зрнесто, бело како слана по земјата. |
15. | И кога видоа синовите Израилеви, си велеа еден на друг: "Што е ова?" Оти не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: "Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете." |
16. | Еве како заповеда Господ: "Собирајте од него, секој колку што му треба за јадење - по еден гомор на лице, според бројот на членовите ваши; секој од вас со домашните собирајте." |
17. | И направија така синовите Израилеви: собираа кај повеке кој помалку. |
18. | Па мереа со гомор; и кој беше собрал повеке, излишок немаше, а оној помалку, - немаше недостиг; секој собра онолку, колку што му требаше, |
19. | и им рече Мојсеј: "Никој да не остава од тоа за утре!" |
20. | Но тие не го послушаа Мојсеја, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа мувлоса и се смириса. И се налути Мојсеј на нив. |
21. | И така тие го собираа секое утро рано, секој колку што имаше потреба; а кога сонцето ке изгрееше, маната се топеше. |
22. | А во шестиот ден собраа од тој леб двојно повеке - по два гомора за секого. И дојдоа старешините народни, па му јавија на Мојсеја. |
23. | А Мојсеј им рече: "Еве ја заповедта што ја кажа Господ - утре е саботен ден, свет одмор за Господа; што ке печете - печете, и што треба да варите - варете денес; а што ке преостане, соберете го и пазете го за утре!" |
24. | И оставија од него за утре, оти како што заповеда Мојсеј, и тоа не се смириса, ниту имаше црвја во него. |
25. | И рече Мојсеј: "Јадете го тоа денес, бидејки е денес сабота посветена на Господа; денес нема да најдете мана во полето. |
26. | Шест дена ке собирате, а седмиот ден е сабота, тогаш ке ја нема." |
27. | И на седмиот ден излегоа некои од народот да собираат, но не најдоа. |
28. | А Господ му рече на Мојсеја: "До кога ке се противите на заповедите Мои и на законот Мој? |
29. | Ете, Господ ви дал денес сабота, затоа во шестиот ден и ви дава леб за два дена. Останете секој на своето место, и во седмиот ден никој да не го напушта местото свое." |
30. | И се одмараше народот седмиот ден. |
31. | И синовите Израилеви тој леб го нарекоа мана. Тоа беше као семето коријандрово, бело, а по вкус како медено колаче. |
32. | Тогаш им рече Мојсеј: "Еве што заповеда Господ: ‘Наполнете еден гомор мана, за да се запази во родовите ваши, за да го видат лебот што го јадевете и со кој ве хранев во пустињата, кога ве изведов од земјата Египетска." |
33. | И му рече Мојсеј на Арона: "Земи златен сад и стави во него еден гомор мана, и постави го пред Бога, за да се пази од колено до колено ваше." |
34. | И го постави Арон пред ковчегот на сведоштвото, за да се чува, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
35. | А синовите Израилеви јадеа мана четириесет години, додека не дојдоа во населена земја; јадеа мана додека не стигнаа до границата на земјата Хананска. |
36. | А гоморот е десетти дел од ефа. |
← Exodus (16/40) → |