← Exodus (14/40) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви да свртат и да се утаборат пред Пи - Аирот во долината ме у Магдол и морето, спроти Веел Сепфон. Спроти него утаборете се крај морето. |
3. | И така Фараонот ке им рече на своите лу е за синовите Израилеви: ‘Заскитале во земјата, пустињата ги затворила.‘ |
4. | А Јас ке направам да се стегне срцето на Фараонот, и тој да појде во потера по нив. Но Јас ке се прославам над Фараонот и над сета војска негова. И сите Египтјани ке познаат дека Јас сум Господ." Тие така и направија. |
5. | А кога му соопштија на царот египетски дека народот избегал, се измени срцето Фараоново и слугите негови спрема народот, па рекоа: "Што направивме, па ги пуштивме синовите Израилеви, та да не ни работат повеке." |
6. | И ја впрегна Фараонот колата своја, и сиот народ го поведе со себе; |
7. | зеде шестотини коли по избор и колку што уште имаше коли египетски, со нивните началници. |
8. | А Господ направи, та со ожесточи срцето на Фараонот, царот египетски, и на слугите негови, и тргна во потера по синовите Израилеви; но синовите Израилеви врвеа под силна рака. |
9. | И се впуштија по нив Египтјаните, и сите коњи Фараонови со колите, и сета војска негова, и ги најдоа во долината крај морето, спроти Веел Сепфон. |
10. | А кога наближи Фараонот, се обsрнаа синовите Израилеви, и што ке видат - ете Египтјаните идат по нив. И синовите Израилви се уплашија многу, па извикаа кон Господа, |
11. | и му рекоа на Мојсеја: "Зар немаше гробови во Египет, туку не‘ изведе овде да изгинеме во пустињата? Што ни направи? Зошто не‘ изведе од Египет? |
12. | Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‘Остави не‘, да им служиме на Египтјаните?‘ Оти подобро ке ни беше да им служиме на Египтјаните, отколку да изгинеме во пустињава." |
13. | А Мојсеј му рече на народот: "Не плашете се, застанете и ке видите Господ како ке ве спаси денес: Египтјаните, како што ги гледате денес, нема повеке никогаш да ги видите довека. |
14. | Господ ке се бие за вас, а вие бидете спокојни. |
15. | И му рече Господ на Мојсеја: "Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите Израилеви нека врват. |
16. | А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите Израилеви, среде море по суво. |
17. | Но, ете, Јас ке го стегнам срцето на сите Египтјани, и тие ке тргнат по нив. А Јас ке ја покажам славата Своја над Фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови. |
18. | И сите Египтјани ке познаат дека Јас сум Господ, што ке се прославам над Фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови." |
19. | И се крена Ангелот Господен, што одеше пред војската на синовите Израилеви, и застана зад нив; се крена и столбот од облак пред нив, и застана зад нив. |
20. | А кога влезе ме у војската Египетска и ме у војската на синовите Израилеви застана; на оние им беше темнина и мрак, а на овие им беше светлина, така што преку цела нок не се доближија едните до другите. |
21. | И ја подигна Мојсеј раката своја над морето, а Господ го разбрануваше морето со јужен ветар, кој дуваше силно цела нок, па се направи во мерето суво и водата се раздели. |
22. | И појдоа синовите Израилеви среде море по суво, и водата им стоеше како sид од десната страна и од левата страна. |
23. | А Египтјаните, гонејки ги, појдоа по нив среде море, сите коњи Фараонови, колите и коњаниците негови. |
24. | А во утринската стража погледна Господ на војската египетска од столбот огнен и обласниот и ја доведе во забуна војската египетска, |
25. | па им ги врза тркалата на колите ниви, та одвај ги влечеа. Тогаш Египтјаните рекоа: "Да бегаме од Израилците, зашто Господ се бие за нив против Египтјаните!" |
26. | Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Пружи ја раката над морето, и нека се собере водата врз Египтјаните, и да ги покрие колите нивни и коњаниците нивни." |
27. | И Мојсеј ја испружи раката своја врз морето, и пред зори пак се поврати со својата сила, а Египтјаните тргнаа да бегаат кон морето; и Господ ги фрли Египтјаните среде море. |
28. | А кога се поврати водата, ги потопи колите и коњаниците со сета војска Фараонова, се‘ што беше тргнало кон нив, и не остана ниеден од нив. |
29. | Синовите, пак, Израилеви минаа среде море по суво; водата стоеше како sид од десната страна и од левата страна. |
30. | И ги избави Господ Израилците во тој ден од рацете на Египтјаните. И ги видоа синовите Израилеви Египтјаните што изумреа на брегот морски. |
31. | Ја виде Израил силата голема, што Господ ја покажа над Египтјаните, и народот се уплаши од Господа, и поверува во Бога и на неговиот угодник Мојсеја. |
← Exodus (14/40) → |