← Exodus (13/40) → |
1. | Му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Посвети ми го секое првородено, кое ја отвара секоја утроба ме у синовите Израилеви: и од лу ето, и од добитокот. Тие Мене ми припа аат!" |
3. | И Мојсеј му рече на народот: "Помнете го овој ден, во кој излеговте од земјата Египетска, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Годпод оттаму; и не јадете ништо со квас. |
4. | Зашто денес излегувате, во Авив, месецот на новите плодови. |
5. | Затоа, кога Господ ке те воведе во земјата хананска, и хетејска, и аморејска, и евејска, и јевусејска, и гергесејска и ферезејска, за која им се заколнал на татковците твој, дека ке ти ја даде - земјата во која тече мед и млеко - тогаш служи ја оваа служба во овој месец! |
6. | Шест дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов. |
7. | Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе ништо со квас, ниту да се најде негде кај тебе квас во сите твои предели. |
8. | И во тој ден кажи му на синот твој, велејки: ‘Ова е за она, што ми го направи Господ Бог, кога излегував од Египет!‘ |
9. | И тоа нека ти биде знак на раката твој и спомен пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со рака силна те изведе Господ од Египет. |
10. | Затоа оној закон запазувај го секоја година во определено време! |
11. | А кога ке те воведе Господ, твојот Бог, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ке ти ја предаде - |
12. | на Господа ке Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое провородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети го на Господа! |
13. | А секое првородено осле замени го со јагне;, ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек ме у синовите твои откупувај го! |
14. | А кога ке те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‘Што е тоа?‘ Кажи му: ‘Зашто со рака силна не‘ изведе Господ од Египет, од домот на ропството.‘ |
15. | Оти, кога се ожесточи Фараонот да не не‘ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата Египеска, од првенец човечки до првородено во добитокот - затоа Му го принесувам на Господа како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден ме у синовите мои го откупувам. |
16. | И тоа нека ти биде знак на раката твоја и постојано пред очите твои, бидејки со рака силна те изведе Господ од Египет." |
17. | А кога Фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот кон земјата Филистејска, иако е пократок; зашто Бог рече: "За да не би да се покае народот, кога ке види војна, па да се врати во Египет." |
18. | Бог го поведе народот по патот во пустињата кон Црвено Море. А синовите Израилеви вооружени излегоа од земјата Египетска. |
19. | И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто ги беше заколнал Јосиф синовите Израилеви, велејки: "Господ навистина ке ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе." |
20. | Откако појдоа синовите Израилви од Сокхот, се утврдија во Етам, при крајот на пустињата. |
21. | А Бог ги водеше по патот: дење во столб од облак, а ноке во столб во оган, светејки им. |
22. | И не се иставаше пред сиот народ столбот облак - дење, ни столбот од оган - ноке. |
← Exodus (13/40) → |