← Exodus (12/40) → |
1. | И рече Господ на Мојсеја и на Арона во земјата Египетска, велејки: |
2. | "Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец ме у месеците во годината. |
3. | Кажи му на целиот собор на синовите Израилеви и речи им: "На десеттиот ден од овој месец секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на дом. |
4. | Ако се помалу во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колу што треба, за да можат да го изедат јагнето. |
5. | А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите. |
6. | И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот собор Израилев нека го заколе, во приквечерина. |
7. | И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и праговите на куката, во која ке го јадат. |
8. | И нека јадат месо истата нок, на оган печено, со пресен леб и со горчливо зеље, нека јадат. |
9. | Немојте да јадете сурово, ниту во вода варено, туку на оган печено: со главата, со нозете и со дробовите. |
10. | И ништо немојте да оставате до утрината; и коски не кршете од него; ако нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган. |
11. | А вака јадете го: преопашани, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова. |
12. | Оти ке поминам низ земјата египетска таа нок, и ке го убијам секој првороден во земјата Египетска, од човек до добиток, и ке се одмаздам на сите богови египетски. Јас сум Господ. |
13. | А крвта ке ви биде знак на куките, во кои ке бидете таму: и кога ке видам крв, ке ве одминам, па нема да има ме у вас помор, кога ке ја поразам земјата египетска. |
14. | И тој ден ке ви биде ден на секавање и празнувајте го тој празник, посветен на Господа; празнувајте го од колено на колено; вечно озаконет. |
15. | Седум денови јадете лебови без квас; уште од првиот ден отстранете го квасот од куките ваши; зашто оној, кој ке јаде нешто со квас, тој ке биде истребен од Израилот. |
16. | Првиот ден да се нарече свет собор; а и седмиот ден да ви биде особено свет; никаква работа да не вршите во тие денови. Освен за јадењето, за кого колку што треба, само тоа можете да го правите. |
17. | И запазете ја оваа заповед; зашто во тој ден ја изведов војската ваша од земјата египетска; празнувајте го тој ден од колено на колено како вечно озаконет. |
18. | Бесквасни лебови почнете да јадете од првиот месец во четиринаесеттиот ден вечерта, па се‘ до дваесет и првиот од истиот месец до вечерта. |
19. | Седум денови не смее да има квас во куките ваши. Оти, ако некој јаде нешто со квас, ке биде истребена таа душа од општеството на Израилот, било да е придојдена - или родена во земјата. |
20. | Ништо со квас немојте да јадете: во сите куки ваши јадете само бесквасен леб!" |
21. | И ги свика Мојсеј сите старешини на синовите Израилеви и им рече: "Одете и пригответе јагне, според семејствата свои, и заколете пасха. |
22. | Потоа земете китка исоп и натопете ја во крвта, што е близу до вратите, и попрскајте ги праговите и обата довратника со крвта, што е близу до вратите, и ниеден од вас да не излегува низ вратата кукна до изутрина. |
23. | И кога ке помине Господ да го поразува Египет, штом ке ја види крвта на прагот и на обата довратника, ке ја одмине Господ таа врата, и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куките ваши и да убива. |
24. | Пазате го ова како закон за себе и за синовите свои довека. |
25. | И кога, пак, ке влезете во земјата, што ке ви ја даде Господ, како што рече, држете ја оваа служба. |
26. | И кога ке ве прашаат синовите ваши: ‘Каква ви е таа служба?‘ |
27. | Одговорете: ‘Тоа е Пасхална жртва на Господа, кога ги одмина куките на синовите Израилеви во Египет, убивајки ги Египтјаните, а домовите наши ги зачува." - Тогаш народот, наведнувајки се, се поклони. |
28. | И откако отидоа синовите Израилеви, направија така, како што им заповеда Годпод преку Мојсеја и Арона: така направија. |
29. | А на полнок ги уби Господ сите првородени во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седи на престолот негов, до првородениот син на затвореникот во затворот, и се‘ што беше првородено во добитокот. |
30. | И стана Фараонот во таа нок, тој и сите негови слуги, и сите Египтјани; и настана голем пискот во целата земја египетска, зашто немаше кука, во која немаше мртовец. |
31. | Тогаш ги повика Фараонот Мојсеја и Арона, нокта, и им рече: "Станете, одете си од народот мој, како вие така и синовите Израилеви, и извршете Му служба на Господа, како што велевте. |
32. | Земете ги и овците ваши, говедата ваши, како што велевте и одете си, па и мене благословете ме!" |
33. | И Египтјаните навалуваа на народот, што побрзо да си оди од земјата, зашто велеа: "Сите ке изгинеме!" |
34. | И народот си го зеде тестото свое, уште неискиснато; ноквите ги завиткаа во облеките свои, и го ставија на рамењата свои. |
35. | И постапија синовите Израилеви според заповедта Мојсеева, и побараа од Египтјаните накити сребрени и накити златни, а и облека. |
36. | И Господ направи, та народот најде милост кај Египтјаните, и тие им дадоа; така тие ги обраа Египтјаните. |
37. | И тргнаа синовите Израилеви од Рамзес за Сокхот, околу шестотини иљади пешаци мажи, не сметајки ги тука децата. |
38. | И многу други придојдени отидоа со нив, и овци и волови голем број отидоа со нив. |
39. | А од тестото, што го изнесоа од Египет, испекоа бесквасни лепчиња, зашто тоа уште не беше скиснато кога ги истераа Египтјаните, и не можеа да се задржуваат, така што дури ни храна за попат не си приготвија. |
40. | Времето, пак, што го поминаа синовите Израилеви во Египет и во земјата Хананска, тие и нивните татковци, изнесуваше четиристотини и триесет години. |
41. | А кога се навршија четиристотини и триесетте години, ноке во истиот ден излезе сета војска Господова од земјата египетска. |
42. | Таа нок, која Господ ја пробдеа, за да ги изведе од Египетската земја, тоа е нок Бдение за Господа, кое треба да го празнуваат синовите Израилеви од колено на колено. |
43. | И им рече Господ на Мојсеја и на Арона: "Закон за Пасхата е: ниеден ту инец да не јаде од неа!" |
44. | А секој роб ваш, или купен за пари, откако ке го обрежете, тогаш може да јаде од неа. |
45. | Придојден или наемник да не јаде од неа! |
46. | Во една кука треба да јадете; не оставајте за изутрина и не изнесувајте надвор од куката, и коските од жртвата да не кршите. |
47. | Целото општество Израилево нека прави така. |
48. | Ако дојде кај вас некој ту инец и посака да ја празнува Пасхата Господова, нека му се обрежат сите од машки пол, па потоа нека почне да ја празнува, и ке биде како роден во таа земја; инаку, никој необрезан да не јаде од неа. |
49. | Еден закон нека има за родениот во таа земја и за придојдениот што дошол ме у вас!" |
50. | И направија сите синови Израилеви како што им заповеда Господ на Мојсеја и на Арона, така направија. |
51. | И во тој ден ги изведе Госопод синовите Израилеви од земјата Египетска со нивната војска. |
← Exodus (12/40) → |