← Exodus (11/40) → |
1. | Пак му рече Господ на Мојсеја: "Уште едно зло ке пратам над Фараонот и над Египет, па тогаш ке ве пушти оттука; и кога ке ве пушти, просто ке ве истера. |
2. | А сега кажи му на народот тајно - секој човек нека побара од соседот свој и секоја жена од сосетката своја накит сребрен и накит златен а и облека." |
3. | И даде Господ народот да најде милост кај Египтјаните и им дадоа; а и самиот Мојсеј беше многу голем човек пред Египтјаните и пред Фараонот, пред очите на слугите негови и пред народот. |
4. | И рече Мојсеј: "Вака вели Господ: ‘На полнок ке поминам низ Египет, |
5. | и ке умре секој првороден во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се нао а во воденицата, и првородениот добиток. |
6. | И ке стане пискот голем по целата земја египетска каков што уште немало, ниту некогаш ке го има. |
7. | А кај синовите Израилеви нигде наме ни куче да лавне со својот јазик, ниту против човек, ниту против животно, за да се види колку ке се прослави Господ ме у Израилците и Египтјаните. |
8. | Па ке дојдат сите тие слуги твои кај Мене, и ке Ми се поклонат, велејки: ‘Оди си и ти и целиот твој народ, што го водиш со тебе.‘ И тогаш ке излезам." И си излезе Мојсеј од Фараонот со голем гнев. |
9. | А Господ му рече на Мојсеја: "Нема да ве послуша Фараонот, за да се умножат знаците и чудесата Мои во земјата Египетска." |
10. | Мојсеј и Арон ги направија сите знаци и чудеса пред Фараонот, но Господ му го ожесточи срцето на Фараонот, и тој не сакаше да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска. |
← Exodus (11/40) → |