← Exodus (10/40) → |
1. | Тогаш Господ му рече на Мојсеја, велејки: "Оди при Фараонот, зашто Јас му го ожесточив срцето негово и срцето на слугите негови, за да ги покажам овие знаци врз нив; |
2. | па да им прикажувате на чедата ваши и на внуците ваши што им направив на Египтјаните, како и за знаците Мои, што ги покажав пред нив, и за да знаат, дека сум Јас Господ." |
3. | И отидоа Мојсеј и Арон кај Фараонот и му рекоа: "Еве што вели Господ, Бог на Евреите: ‘До кога не ке сакаш да се засрамиш пред Мене? Пушти го народот Мој да Ми послужи! |
4. | Оти, ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, утре во ова време ке пратам скакулци над целата земја твоја. |
5. | И тие ке го покријат лицето на земјата, така што не ке се гледа, а ке го изедат остатокот, зачуван од градот; ке го изадат и секое дрво, што ви расте по полето. |
6. | И ке ги наполна куките твои, куките на слугите твои и сите куки по целата земја Египетска какво што не виделе татковците твои, ни прадедовците нивни, откако живеат на земјата па се‘ до денес." И свртувајки се, си отиде Мојсеј од Фараонот. |
7. | Тогаш слугите му рекоа на Фараонот: "До кога овие маки? Пушти ги лу ето нека Му заблагодарат на Господа, нивниот Бог. Или сакаш да гледаш како Египет пропа а?" |
8. | И ги вратија Мојсеја и Арона пред Фараонот, и им рече Фараонот: "Одете, полужете Му на Господа, вашиот Бог. А кои се тие што ке одат?" |
9. | Мојсеј одговори: "Kе одиме и млади и стари, со синовите свои и со керките свои, со овците свои и воловите свои, ке одиме, зашто тоа ке биде празник во чест на Господа, нашиот Бог." |
10. | И им рече Фараонот: "Така нека биде; нека е Господ со вас. Kе ве пуштам, но зошто се децата ваши? Ете, лошо лукавство имате. |
11. | Не така, но да одите само мажите и заблагодарете Му на Господа, зашто тоа сами баравте." И ги истераа од кај Фараонот. |
12. | Тогаш му рече Господ на Мојсеја: "Протегни ја раката своја над земјата Египетска и ке излезат скакулци на земјата египетска, па да ја изадат сета трева по земјата, сиот плод што остана неудрен од градот." |
13. | И го крена Мојсеј стапот свој кон небото и над египетската земја наведе Господ јужен ветар, кој дуваше цел ден и цела нок; а кога се раздени, јужниот ветар довеа скакулци. |
14. | И ги навеа нив над целата земја египетска, и нападнаа по сите краишта египетски во голем број: такви скакулци никогаш немало, ниту такви ке има некогаш. |
15. | И го покрија лицето на земјата, така што на земјата ништо не се гледаше, и ја изедоа сета трева на земјата и сиот род по дрвјата и од тревата полска во целата земја египетска. |
16. | Тогаш Фараонот брзо ги повика Мојсеја и Арона и рече: "Прегрешив пред Господа, вашиот Бог, и пред вас. |
17. | Но уште сега прости ми го гревот мој, и молете Му се на својот Господ Бог да ја отстрани од мене само оваа смрт. |
18. | А, откако излезе Мојсеј од кај Фараонот, Му се помоли на Господа. |
19. | И сврте Господ ветар од морето, многу силен и тој ги крена скакулците и ги фрли во Црвено Море; и не остана ниту еден скакулец во целата земја Египетска. |
20. | Но Господ го затврдна срцето на Фараонот и тој не ги пушти синовите Израилеви. |
21. | И му рече Господ на Мојсеја: "Крени ја сега раката своја кон небото, и ке биде густа темнина по земјата Египетска, таква што дури опиплива ке биде. |
22. | И Мојсеј ја подигна раката свој кон небото, и настана густа темнина, мрак и бура по целата земја египетска, која потраја цели три дена. |
23. | Лу ето не се гледаа еден со друг три дена, и никој не се поместуваше од постелата своја три дена. Но по местата, каде што живееја синовите Израилеви, имаше виделина. |
24. | Тогаш Фараонот го повика Мојсеја и Арона, и им рече: "Одете, заблагодарете Му на Господа, вашиот Бог; само овците ваши и воловите ваши нека останат, а имотот ваш нека оди со вас." |
25. | Но Мојсеј рече: "Не, ами ти треба да не‘ снабдиш со приноси и жртви сепалиници, што ке ги принесеме на Господа, нашиот Бог. |
26. | Затоа и добитокот наш нека оди со нас, да не остане ни копито; зашто од него треба да земеме нешто, со што ке му заблагодариме на Господа, нашиот Бог; но, додека не пристигнеме таму, не знаеме каква жртва ке Му принесеме на Господа." |
27. | И Господ пак го отврдна срцето на Фараонот и тој не сакаше да ги пушти. |
28. | И му рече Фараонот: "Истави се од пред мене, повеке да не ми излегуваш пред очи! И оној ден кога ке ми дојдеш пред очи, ке загинеш." |
29. | А Мојсеј рече: "Право кажа, нема повеке да ти го видам лицето." |
← Exodus (10/40) → |