Exodus (1/40) → |
1. | А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јакова, таткото нивни; секој со целото свое семејство дојде. |
2. | Рувим, Симеон, Левиј и Јуда, |
3. | Исахар, Завулон и Венијамин, |
4. | Дан и Нефталим, Гад и Асир. А Јосиф, пак, беше во Египет. |
5. | И сите, кои произлегоа од Јакова, беа седумдесет и пет души. |
6. | Потоа Јосиф умре и сите браша негови, и сиот нивни род; |
7. | а синовите Израилеви се народија и се намножија, и беа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив. |
8. | Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосифа, |
9. | и му рече на народот свој: "Еве, народот на синовите Израилеви е многуброен и посилен од нас. |
10. | Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да не си отидат од земјата наша." |
11. | И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со работа. Така му ги изградија на Фараонот утврдените градови Питом и Рамзес и Он, наречен сега Илиопол. |
12. | Но, колку повеке ги мачеа, толку повеке се множеа, и се засилуваа многу, така што се плашеа Египтјаните од синовите Израилеви. |
13. | Затоа Египтјаните ги гонеа синивите Израилеви со жестокост, |
14. | и им го загорчуваа животот со тешки работи, со кал и правење тули, и со секаква работа во полињата, и со сите други работи, ги измачуваа немилосрдно. |
15. | Освен тоа, царот египетски им се обрати на бабиците еврејски, од кои на едната и‘ беше името Сепфора, а на другата Фуа; |
16. | и им рече: "Кога ке бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, запазете го!" |
17. | Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда царот египетски, туку ги оставаа децата од машки пол. |
18. | А царот египетски ги повика бабиците и им рече: "Зошто правите така и ги оставата машките деца во живот?" |
19. | А бабиците му одговорија на Фараонот: "Еврејките не се како жените египетски: зашто пред да дојде бабицата, тие веке родиле." |
20. | Бог, пак, им превеше на бабиците добро; а народот се множеше и многу се засилуваше. |
21. | И бидејки бабиците се плашеа од Бога, Бог им правеше добро за да преуспеваат во животот. |
22. | Тогаш му заповеда Фараонот на целиот народ свој, велејки: "Секое машко кое ке се роди кај Евреите, фрлете го в река: само женските деца оставајте ги во живот." |
Exodus (1/40) → |