← Esther (9/10) → |
1. | Во дванаесеттиот месец, во месецот Адар, на тринаесеттиот ден, кога дојде време да се исполни заповедта на царот и на неговата повелба, во тој ден, кога непријателите на Јудејците, се надеваа да ја земат власта над нив, Јудејците ја зедоа власта над своите непријатели, - |
2. | се собраа Јудејците во градовите свои по сите области на царот Артаксеркс, да става рака врз своите напријатели, и никој не можеше да устои пред лицето нивно, затоа што стравот од нив ги беше опфатил сите народи. |
3. | И сите кнезови по областите и сатрапите и обасните намесници и извршители на царските дела ги помагаа Јудејците, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеја. |
4. | Оти Мардохеј беше силен во царскиот дом, и славата негова се пренесуваше по сите области, бидејки тој човек, Мардохеј, се издигаше се повеке и повеке. |
5. | Јудејците ги погубуваа сите свои нпријатели, убивајки ги со меч, ги умртвуваа и ги истребуваа; и постапуваа со нпријателите свои по своја воља. |
6. | Во престолнината Суза убија и истребија петстотини души; |
7. | и Фарсана и Нестана, и Делфона, и Фасгана, |
8. | и Фардатана, и Вареа, и Сарвакана, |
9. | и Мармасима, и Руфеја, и Арсеја, и Завутетама - |
10. | десетте синови на Амадатовиот син Аман, непријател на Јудејците, ги убија, но за грабеж рака не подадоа. |
11. | Во истиот ден му го соопштија на царот бројот на убиените во престолнината Суза. |
12. | Тогаш и рече царот на царицата Естира: "Во престолнината Суза Јудејците убија и истребија петстотини души и десетмина Аманови синови; а што ли извршиле во другите царски области? Каква е твојата желба? И таа ке биде удоволена. И каква е уште твојата молба? И таа ке биде исполнета." |
13. | Естира му одговори: "Ако му е на царот угодно, нека им биде дозволено на Јудејците во Суза, да го вршат истото и утре, она што беше денес, и десетте Аманови синови да бидат обесени на бесилка." |
14. | Царот заповеда да се направи така. Затоа беше издадена повелба во Суза, и ги обесија десетте Аманови синови. |
15. | Се собраа Јудејците, што беа во Суза, исто така и на четиринаесеттиот ден од месецот Адар и убија во Суза триста души, но за грабеж рака не пуштија. |
16. | И другите Јудејци, кои се нао аа во царските области, се собраа да го заштитуваат животот свој и да бидадт спокојни од своите непријатели, па убија од непријателите седумдесет и пет иљади, но за грабеж рака не пуштија. |
17. | Тоа стана на тринаесеттиот ден од месец Адар, и на четиринаесеттиот ден од тој месец тие се успокоија и направија ден за гозби и веселби. |
18. | А Јудејците, што беа во Суза, се собраа на тринаесеттиот ден и на четиринаесеттиот ден, а на петнаесеттиот ден се успокоија и ги направија ден за гозби и веселби. |
19. | Затоа Јудејците селани, што живееја во неутврдени села, го поминуваат четиринаесеттиот ден на месец Адар во веселби и гоштевки, како празник, и заемно си испракаат подароци; а оние што живеат во утврдените градови, го поминуваат и петнаесеттиот ден на Адар во добра веселба и им испракаат подароци на блиските. |
20. | Мардохеј ги опишта тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Артаксеркс, до блиските и далечните, |
21. | за да установат да го празнуваат секоја година четиринаесеттиот ден од месецот Арад и неговиот петнаесетти ден, |
22. | како дни, во кои Јудејците се успокоија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жалоста во радост и тагата - во празник, - за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испракаат подароци и дарови на сиромасите. |
23. | Јудејците го примија тоа, кое веке сами беа почнале да го вршат и за кое им пиша Мардохеј, |
24. | дека Вугеецот Аман, Амадатов син непријател на сите Јудеци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше жреб, за да ги истреби и погуби, |
25. | и како Естира отиде кај царот и како царот заповеда со ново писмо зласторничкиот план на Амана, што беше намислил за Јудејците, да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови. |
26. | Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур - жреб. Ете зошто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она, што сами го видоа и пропатија, |
27. | Јудејците установија и примија за себеси и за децата свои и за сите, што се присоединуваа кон нив, неодменливо да ги празнуваат тие два дена, според заповеданото за нив и на времето нивно, секоја година; |
28. | и да бидат тие дни за секавање и празнувани во сите родови, во секое племе, во секоја област и во секој град; а тие дни Пурим да не се менуваат кај Јудејците, па споменот за нив да не исчезне кај децата нивни. |
29. | Напиша и царицата Естира, керка Авихаилова, и Јудеецот Мардохеј, најупорно, да го исполнуваат тоа ново писмо за Пурим; |
30. | и испратија писмо со зборови за мир и правда до сите Јудејци во сто и дваесет и седум области на царот Артаксеркс, |
31. | за да ги пазат постојано тие дни Пурим за времето нивно, како што ги установија за нив Јудеецот Мардохеј и царицата Естира и како што сами ги определија за себеси и за децата свои, во дните на пост и плачење. |
32. | Така заповедта на Естира ја потврди таа наредба за Пурим, а таа се запиша и во книгата. |
← Esther (9/10) → |