12. | | во еден ден по сите области на царот Артаксеркс, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, во месецот Адар. А еве го преписот на од таа повелба: "Великиот цар Артаксеркс до началниците од Индија до Етиопија над сто и дваесет и седум области и до властите, наши доброжелатели, поздрав! Мнозина, по извонредната добрина на благодетелите, штедро наградувани со почести, прекумерно се возгордеаја и не само што сакаат да им причинуваат зло на нашите поданици, туку, неможејки да ја наситат гордоста, се обидуваат да коваат заговори против самите свои добротвори; не само што го губат чувството на човечка признателност, туку, китејки се со гордоста на безумните, престапно мислат да го одбегнат суднот на Бога, Кој секогаш се гледа. Но често и мнозина, бидејки се облечени со влат, за да ги уредуваат работите на пријателите што им ги довериле работите, со своето убедување ги прават виновници во пролевањето на невина крв и поттикнуваат на непоправливи зла, при што со вешто сплетени лаги ја измамуваат добрата намера на владетелите. Тоа може да се види не толку од древните истории, како што рековме, колку од делата, престапно извршувани пред вас со злобата на недостојни вршители на власта. Затоа, за во иднина треба да се погрижиме да уредиме во царството да има за сите лу е мир, да не допуштиме измени, но појавуваните дела да ги разгледуваме со нужна претпазливост. Така Аман Амадатов, Македонец, поправо ту на персиската крв и многу далеку од нашата благост, бидејки беше примен кај нас на гости, се здоби со благонаклоност, што ја имаме кон секој народ, дотолку, што беше прогласен за наш татко и почитуван од сите, при што претставуваше втор човек при царскиот престол; но, бидејки не ја скроти гордоста, замисли да не лиши од власта и душата, а нашиот спасител и секогаш благодетел Мардохеј и непорочната соучесничка на царството Естира со сиот нивни народ се стремеше да ги погуби со разни сплетки. На тој начин тој мислеше да не остави без лу е, а персиската држава да им ја предаде на Македонците. Но ние нао аме, дека Јудејците, осудени од тој злосторник на истребување, не се злосторници, туку живеат според најправедните закони, како синови на Севишниот, живиот Бог, Кој ни го подари нам и на нашите прадедовци царството во најдобра состојба. Затоа ке направиме добро, да не ги исполниме писмата што Аман Амадатов ги испрати; зашто тој, што го изврши тоа е обесен со целиот дом свој при портата на Суза според вољата на Бога, Кој господари над се и Кој скоро му даде заслужен суд. А откако ке го изложите јавно на секое место преписот од оваа повелба, оставете ги Јудеците да се користат со своите закони и помагајте им, за да можат на оние, што ке се кренат против нив во времето на жалоста, да им се одмаздат на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец Адар, во истото тој ден. Зашто, Бог, Кој владее над се, наместо гибел на избраниот род, им подготви таква радост. И вие, ме у видните празниви, празнувајте го и овој белжит ден со секаква веселба, та сега и после да се памети спасението за нас и за благорасположените кон нас Персите и за гибел на оние, што ни коваа заговори. Секој град или област воопшто, која нема да го исплни ова, ке биде безмилосно опустошена со меч и оган и ке стане не само невозможна за живеење на лу е, туку и одвратна за sверовите и птиците засекогаш. |