← Esther (7/10) → |
1. | И дојде царот со Амана на гозбата кај царицата Естира. |
2. | Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време гоштевањето: "Која е твојата желба, царице Естира? Таа ке биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ке биде исполнета." |
3. | Царицата Естира одговори и рече: "Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба! |
4. | Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како роботи и робинки, јас ке молчев, макар непријателот и да не ја надомести штетата на царот." |
5. | Проговори царот Артаксеркс и ја праша царицата Естира: "Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?" |
6. | Естира му одговори: "Врагот и непријателот е овој злобен Аман!" И Аман затрепери пред царот и царицата. |
7. | И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека до царот го чека зло. |
8. | Кога царот се врати од градината при дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: "Сака дури и да ја обесчести царицата во куката моја!" Излезе зборот од устата на царот, - му го покрија лицето на Амана. |
9. | И рече Арвона, еден од царските слуги: "Еве ја бесилката, што ја беше приготвил Аман за Мардохеја, кој говореше добро за царот, стои во домот на Амана, висока е педесет лакти." И царот рече: "Обесете го на неа!" |
10. | И го обесија Амана на весилката, што тој ја беше направил за Мардохеја. Тогаш гневот на царот стивна. |
← Esther (7/10) → |