17. | | Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира. Вака Му се молеше тој на Господа, спомнувајки си за сите Господови дела и велеше: "Господи, Господи, Царе Седржителу! Сите се во Твоја власт и нема, кој да Ти се противи, кога ке посакаш да го спасиш Израилот: Ти си ги создал небото и земјата, и се што е чудно под небото; Ти си Господ на сите, и нема таков кој би се противел на Тебе, на Господа. Ти знаеш се; Ти знаеш Господи, дека не поради навреда и не поради гордост, не поради слава јас го вршев тоа, што не му се поклонував на горделивиот Аман, зашто јас доброволно би му ги бакнувал стапките на нозете негови за спасение на Израилот; но јас го правев тоа, за да не му воздадам на човек слава поголема од Божјата слава и да не му се поклонувам никому, освен на Тебе, мојот Господ; јас не го правам ова од гордост. И сега, Господи, Боже, Царе, Боже Авраамов, поштеди го Твојот народ; зашто ни кројат гибел и сакаат да го истребат Твоето исконско наследство; не презри го Твоето достоинство, кое Ти го избави за Себеси од Египетската земја; чуј ја мојата молитва и смилостиви се над Твоето наследство и претвори ја тагата наша во веселба, та, така живеејки, да Го воспеваме Твоето име, Господи. Не ги погубувај устите, кои Те прославуваат, Господи!" - и сите Изразилци викаа со сета сила, зашто нивната смрт беше пред очите нивни. И царицата Естира се оддаде на Господа, обземена од смртна горчина, и, откако ја соблече облеката на славата своја, облече облека за жал и тага и, место со скапоцени масла, ја посипа со пепел и прав главата своја и многу многу го истошти телото свое, и секое место, украсувано во веселите нејзини дни, го покри со распуштената своја коса, Му се молеше на Господа, Бога Израилев, велејки: "Господи мој! Ти единсетвен си наш Цар; помогни ми мене, која сум сама и немам помошник, освен Тебе! Зашто мојата невоља е близу до мене. Сум слушала, Господи, од таткото мој во моето родно колено, дека Ти, Господи, Си го избрал Израилот од сите народи, и нашите татковци - од сите нивни предедовци, за вечни наследници, и си го извршил за нив она, за кое си им говорел. Сега ние згрешивме пред Тебе, и Ти не предаде во рацете на нашите непријатели, затоа што ги славевме нивните богови: праведен си Ти, Господи! Но сега тие не се задоволија со нашето горчливо ропство, туку ги ставија рацете свои во рацете на своите идоли, за да ја уништат заповедта на Твојата уста, да ги истребат Твоите наследници, да им ја затнат устата на оние, кои Те воспеваат, за да ја угаснат славата на Твојот храм и на Твојот жртвеник, да им ја отворат устата на народите за прославување на лажните богови, и плотскиот цар да се велича довека. Не предавај го Господи, Твојот жезал на непосточки богови, и нека не се радуваат на нашето па ање, а сврти ја намерата нивна врз нив самите, и клеветникот против нас - предај го на срам! Спомни си, Господи, јави ни се нам во времето на жалоста наша и дај ми машкост. Царе над боговите и Владико на секое началство, подари и на устата моја благопријатен збор пред тој лав и исполни го срцето негово со омраза кон оној, што не прогонува, за гибел негова и на неговите истомисленици; нас, пак, избави не преку Твојата рака и помогни ми мене, која сум сама и нема помошник, освен Тебе, Господи! Ти се знаеш, Ти знаеш дека ја мразам славата на беззакониците и се гнасам од леглото на необрезаните и од секој другоплемени; Ти знаеш дека јас сум принудена да се гнасам од знакот на мојата гордост, кој стои на главата моја, кога се појавувам, - се гнасам од него како од облека, извалкана со крв, и не го носам во дните што ми припа аа само мене. И Твојата слугинка не вкусила од трпезата на Амана и не ги цени многу царските гозби, не пие идоложртвено вино и не се весели Твојата слугинка од денот, откога се измени мојата судбина до денес, освен за Тебе, Господи, Боже Авраамов, Боже, Кој имаш сила над сите, чуј го гласот на безнадежните и спаси не од рацете на оние, што кројат зло, и спаси ме од мојот сТвоет |