← Esther (2/10) → |
1. | Откако стивна гневот на царот Артаксеркс, тој се сети на Астин и на она, што го направи таа и за решението за неа. |
2. | И рекоа царевите слуги, кои му служеа: "Да се побараат за царот млади и убави девојки, |
3. | а царот да определи во сите области на царството пратеници, што ке ги соберат сите млади и убави на изглед девојки во престолнината Суза, во женскиот дом под надзор на царскиот евнух Хигеј, чувар на жените, и да им дадат се што е потребно за дотерување. |
4. | И која девојка ке му се свиди да царот, таа да стане царица место Астин. Му се допаднаа на царот тие зборови, и тој постапи така. |
5. | Имаше во престолнината Суза еден Јудеец, по име Мардохеј, син на Јаира, син на Семеја, син Кисеев, од Венијаминовото племе. |
6. | Тој беше преселен од Ерусалим со плениците, изведени заедно со јудејскиот цар Јехониј, што го беше преселил вавилонскиот цар Навуходоносор. |
7. | Тој ја воспитуваше Адаса - а таа е Естир - керка на чичко му, бидејки таа немаше ни татко ми мајка. Таа девојка имаше тенка става и убаво лице, а по смртта на татко и, Мардохеј ја прибра при себеси место керка. |
8. | Кога беше објавена заповедта на царот и указот негов, и откога беа собрани многу девојки во престолнината Суза под надзор на Хигеја, тогаш беше земена и Естира во царскиот дом под надзор на Хигеја, чуварот на жените. |
9. | Таа девојка му се свиде и ја задоби неговата наклоност, и тој побрза да и даде масла и се, што и припа а, и да и определи седум достојни девојки да бидат при неа, во царскиот дом, па ја премести неа и девојките незини во најубавото одделение на женскиот дом. |
10. | Естира не го кажуваше ни народот свој, ни потеклото свое, бидејки Мардохеј и беше заповедал да не кажува. |
11. | И секој ден Мардохеј доа аше во дворот на женскиот дом, за да дознае за дравјето на Естира и што станува со неа. |
12. | Кога доа аше времето на секоја девојка да влезе при царот Артаксеркс, откако двенаесет месеци по ред беше извршувано над неа се, определено за жените, - зашто за толку време продолжуваа дните на дотерувањето нивно: шест месеци со смирново масло и шест месеци со благопријатни мириси и со други женски работи - |
13. | дури тогаш девојката влегуваше при царот. И што и да побараше таа, ке и дадеа и со тоа одеше од женскиот дом во домот на царот. |
14. | Вечерта таа влегуваше и утредента се вракаше во друг женски дом под надзор на царскиот чувар на наложниците; и веке не влегуваше при царот, - освен ако царот ја побараше, и ке ја повикаа по име. |
15. | Кога дојде време за Естира, керка на Аминадава, чичко Марохеев, кој ја беше прибрал при себеси место керка, - да оди при царот, таа не побара ништо, освен она, што и го кажа царскиот дворјанин Хигеј, чувар на жените. И Естира им се свиде на сите што ја видоа. |
16. | И беше земена Естира при царот Артаксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот Тевет, во седмата година на царувањето негово. |
17. | Царот ја засака Естира повеке од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеке од сите девојки; тој и стави на главата царски венец и ја постави за царица место Астин. |
18. | И царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги при него, - гоштевање поради Естира и им даде олеснувања на областите и раздаде подароци со царска штедрост. |
19. | И кога вториот пат беа собрани девојките, и Мардохеј седеше при царската врата, |
20. | Естира се уште не говореше за своето потекло и за народот свој, според она како што и беше заповедал Мардохеј; и зборот на Мардохеја го исполнуваше и сега така, како и кога беше при него на воспитување. |
21. | Во тоа време, кога Мардохеј седеше пред царската порта, двајцата царски дворјани Гавата и Тара, кои го чуваа прагот, се озлобија поради тоа што беше претпочитан Мардохеј, па размислуваа како да стават рака врз царот Артаксеркс. |
22. | Кога дозна за тоа, Мардохеј и соопшти на царицата Естира, а Естира му кажа на царот од името на Мардохеја. |
23. | Работата беше испитана и се утврди дека е тоа вистина, и тие двајцата беа обесени на дрво. И тоа се запиша во книгата на летописот царски. |
← Esther (2/10) → |