Esther (1/10) → |
1. | Потоа во дните на Артаксеркса, - тој Артаксеркс царуваше над сто и дваесет и седум области до Индија до Етиопија, - |
2. | во тоа време, кога царот Артаксеркс седеше на својот царски престол, што е во престолнината Суза, |
3. | во третата година на своето царување, тој приреди гозба за сите свои кнезови и слуги, за главните војводи на персиската и индијската војска и на своите обласни управници, |
4. | покажувајки многу денови, сто и осумдесет дена, големо богатство на царството свое и голем сјај на свето величие. |
5. | Откако завршија тие денови, царот приреди за народот свој, кој се нао аше во Суза, за мало и големо, седумдневна гозба во градскиот дом на царскиот дворец. |
6. | Бели памучни и со сина боја волнени пердиња, прицврстени со ленени и пурпурни врвци, висеа на сребрени алки и мермерни столбови. |
7. | Имаше златни и сребрени легла на плочникот, послани со зелен, бел, жолт и црвен мермер. |
8. | Јадењата се служеа во златни садови и садови разнообразни, по цена од триесет иљади таланти; и царското вино беше изобилно, според богатството на царот. Пиењето беше слободно: никој не прислуваше, бидејки царот им беше заповедал на сите свои управници на домот, да постапуваат според вољата на секој. |
9. | И царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс. |
10. | На седмиот ден, кога срцето на царот се развесели од виното, тој им рече на Амана, Вазана, Дареја, Вараза, Затолтана, Аватаза и Дарава - седум евнуси, што служеа пред царот Артаксеркс, |
11. | да ја доведат царицата Астин пред царевото лице со царски венец, за да им ја покаже најзината убавина на народите и на кнезовите, зашто таа беше многу убава. |
12. | Но царицата Астин не сакаше да дојде според царевата наредба, соопштена преку евнусите. |
13. | Царот многу се разгневи, и јароста пламна во него. И им рече царот на мудреците, кои ги познаваа поранешните времиња, - зашто царските дела се вршеа пред сите, што знаеја закон и правда, |
14. | а негови најблиски тогаш беа: Аркесеј, Сареотеј, и Малисеар, персиски и мидиски кнезови, кои седеа до царот на прво место: |
15. | "Како да постапиме според законот со царицата Астин, поради тоа што не го исполни зборот на царот Артаксеркс, соопштен преку дворјаните." |
16. | Тогаш рече Мухеј пред лицето на царот и на кнезовите: "Не само пред царот е виновна царицата Астин, туку и пред сите кнезови и началници царски; |
17. | зашто за постапките на царицата ке дознаат сите жени и ке почнат да ги запоставуваат мажите свои и да говорат: ‘царот Артаксеркс заповедал да ја доведат пред него царицата Астин, но таа не отишла.‘ |
18. | Сега персиските и мидиските кнегињи, што ке чујат за постапката на царицата, ке им го кажат тоа на сите царски кнезови; и ке има горделивост, а и големи караници. |
19. | Ако му е на царот угодно, нека издаде царска заповед, што ке се запише во персиските и мидиските закони и да не се менува, дека Астин нема да излегува веке пред лицето на царот Артаксеркс, а нејзиното царско достоинство царот да го предаде на друга, подобра од неа. |
20. | Кога ке чујат за таа царска заповед, која ке се разнесе по целото негово царство, колку и да е големо, сите жени ке ги почитуваат мажите свои, од најголем до најмал." |
21. | Тие зборови му се допаднаа на царот и на кнезовите: и царот постапи според зборовите на Мухеја; |
22. | па испрати до сите царски области писма, напишани за секоја област со писмото нејзино и на секој народ на јазикот негов: секој маж да биде господар на домот свој, и тоа да му се објави на секого на неговиот роден јазик. |
Esther (1/10) → |