← Ephesians (6/6) |
1. | Деца, бидете им послушни на своите родители во Господ, зашто така е исправно. |
2. | "Почитувај ги својот татко и мајка (тоа е првата заповед со ветување) |
3. | за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата!" |
4. | А вие, татковци, не дразнете ги вашите деца, туку воспитувајте ги во Господовиот ред и учење. |
5. | Робови, покорувајте им се на вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како на Христос! |
6. | Не служете им само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови слуги, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја! |
7. | Служете доброволно како на Господ, а не на луѓе, |
8. | знаејќи дека секој, било роб или слободен, ако направи нешто добро, ќе го добие истото од Господ! |
9. | А вие, господари, правете им го истото ним, без закани, знаејќи дека нивниот и вашиот Господар е на небесата и дека Тој не е пристрасен! |
10. | Најпосле, бидете силни во Господ и во силата на Неговата моќ! |
11. | Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да устоите на лукавствата на ѓаволот. |
12. | Зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото на небесата. |
13. | Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се противставите во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! |
14. | Затоа, стојте цврсто, препашани со вистината преку половината, облечени во оклопот на праведноста |
15. | и со нозе обуени со подготвеност за Евангелието на мирот! |
16. | А освен тоа земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на злиот, |
17. | земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, |
18. | со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сета истрајност и со молба за сите светии |
19. | и за мене, за да ми се даде порака кога ќе ја отворам устата, за да можам смело да ја соопштувам тајната на Евангелието, |
20. | за кое сум пратеник во окови, за да зборувам смело како што и треба да зборувам. |
21. | А за да знаете сè за мене и за сè што работам, ќе ве извести Тихик, милиот брат и верен служител во Господ, |
22. | кого го праќам кај вас токму затоа, за да дознаете како сме ние и за да ги утеши вашите срца. |
23. | Мир на браќата и љубов со вера од Бог Таткото и од Господ Исус Христос! |
24. | Благодат со сите, кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос! |
← Ephesians (6/6) |